1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кампањата против Асанж нема да го запре Викиликс

Адвокатскиот тим на Џулијан Асанж денеска (12.07.2011) во Лондон ќе се бори да спречи екстрадиција на основачот на Викиликс во Шведска, каде се товари за обвинувања за сексуално злоставување на две Швеѓанки.

default

Џулијан Асанж

Правниот тим на Џулијан Асанж денеска пред судот во Лондон ќе изнесе аргументи против барањето за екстрадиција, со која може да се соочи основачот на Викиликс, поради обвинувања од две жени во Шведска за сексуален напад. Асанж, кој е во куќен притвор во Велика Британија скоро седум месеци, поднесе жалба против шведското барање за екстрадација на почетокот од годината, но тоа беше одбиено од судот во Лондон, што ја зголеми веројатноста дека Австралиецот ќе биде принуден да се соочи со судот во Шведска.

Неговите поддржувачи, како и самиот Асанж, тврдеа дека обвинувањата се политички мотивирани и дека неговите противници се обидуваат да го замолчат и да го затворат Викиликс со неговото ставање зад решетки. Последните тврдења на Асанж се дека Викиликс се подготвувал да објави на почетокот од 2011 документи за трансакции на некои од најголемите банки во САД.

Wikileaks Symbolbild

Интернет страницата на Викиликс

Неуспехот да се објавуват тие документи или други кои ќе се однесуваат на државната безбедност и ќе бидат достапни на интернет, ги зголеми шпекулациите дека противниците како американската влада, имаа голем успех во разбивањето на мрежата на Асанж.

На прв поглед, неговото кратко заменување на работа, периодот на куќен притвор и обвинувањата за силување се чини дека го направија токму тоа. Протокот на информации од Викиликс е значително помал во последно време.

Ограничени протоци на доверливи информации

Последното големо протекување во јавност беа депешите американската дипломатија од 2010 година, а обвинувањата дека земјите од Персискиот залив финансирале пакистански милитантни групи и информациите за средбите меѓу опозициските салафистички фракции и персонал од американската амбасада во Бахреин беа објавувани на речиси на месец дена.

Медиумските експерти не се убедени дека Викиликс е во јазол или дека притворањето на Асанж ќе има каков било ефект на неговите операции.

Dossierbild Wikileaks Julian Assange 08.02.2011 Prozess Bild 2

Асанж и неговиот адвокатски тим пред последното појавување во судот во Лондон во февруари годинава

„Нема причина да се верува дека Викиликс е замолчен“, вели за Дојче веле извршниот директор на Медиумскиот центар за правни ресурси од Њујорк, Сандра Барон. „И порано имаше празнини меѓу големите протекувања на податоци од организацијата“, додава Барон.

САД тежнеат кон судско гонење

Додека Шведска ја чека одлуката на лондонскиот суд за екстрадиција на Асанж, американската администрација подготвува свои обвинувања против него. Пред точно една година Белата куќа отвори криминална истрага против Асанж, за објавувањето на документите за војната во Авганистан.

Меѓународните напори да се спречат понатамошни објавувања на доверливи информации натераа многу организации за човекови права и слобода на говорот да ги критикуваат обидите за замолчување на Викиликс.

Автор: Ник Амис/Александар Методијев

Редактор: Борис Георгиевски