1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кампањата завршува

Денеска на полноќ завршува изборната кампања пред вториот круг претседателски и локални избори во Македонија. Изборите ќе се одржат в недела, 05.04.2009.

default

Ќе се избира четвртиот претседател од осамостојувањето на земјата и 43 градоначалници

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, денеска од Охрид порача дека „најбитен аспект на секои избори е тајноста на гласот и можноста на секој граѓанин да може да излезе да гласа слободно и за својот глас натаму да не биде санкциониран“.

Фуере изјави дека „животот продолжува и по изборите, што значи дека социјалниот и економскиот развој во општините мора да продолжи веднаш по изборите“ и додаде: „Ова во никој случај не смее да се поврзува со политичката припадност и боја којашто ја носи победникот, односно идниот градоначалник. Едноставно социјалниот економскиот развој е она што граѓаните го очекуваат и она на коешто треба да се заснова општината.“

Затоа, евроамбасадорот упати јавен повик до политичките партии и до македонската влада да ги пренесат овие пораки до граѓаните, за во недела да „имаме избори какви

Mazedonien Wahlen 2009

Изборите треба да ги задоволат највисоките стандарди

што граѓаните заслужуваат и кои ги задоволуваат највисоките политички стандарди“.

На прашањето на новинарите - дали е можно насилство на изборите в недела, Фуере со одговор: „Претпоставувам кога зборувате за инциденти мислите на насилство за време на изборите. Бевме во голема мера охрабрени од она што се случи во првиот изборен круг, по оценката на ОДИХР дека изборите минаа во мирна и фер и демократска атмосфера. Меѓутоа, мора да запомниме дека изборите не се сведуваат само на изборниот ден. Изборите се одвиваат за време на целата кампања, така што она што посебно не‘ загрижува се другите форми на притисоци. Тоа се оние наводи за притисоци пред се‘ од социјален и економски аспект.“

Автор: Милчо Јовановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска