1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Камерон се залага за егзил за Асад

Британскиот премиер Дејвид Камерон смета дека на сирискиот претседател Башар ал-Асад би можело да му се понуди егзил и да му биде ветено дека нема биде затворен, доколку се повлече од функцијата.

Доколку на тој начин може да се спречи крвопролевањето, тогаш вакво решение би требало да биде предмет на договор, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон за телевизијата „Ал Арабија“.

Засега е нејасно дали Камерон за ваквото свое залагање се договарал со другите постојани членки на Советот за безбедност на ОН. Исто така, отворено е и прашањето која земја би можела да му понуди евентуално азил на Асад.

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Лакдар Брахими, стравува од распад на државата и можност власта во свои раце да ја преземат воените лордови и милиции во секое од нивните упоришта. Постои опасност од „нова Сомалија“ во Сирија, рече Брахими за арапскиот весник „Ал Хајат“.