1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Камерон сака да ги вооружува сириските бунтовници

Британскиот премиер Дејвид Камерон размислува за можноста за лиферување оружје за сириските бунтовници. Доколку партнерите во ЕУ тоа го отфрлаат, Британија можеби сама ќе преземе чекор.

Британската влада размислува да стави вето врз евентуално натамошно продолжување на забраната на ЕУ за лиферување оружје во Сирија, рече конзервативниот политичар во Лондон.

„Ние сме се‘ уште независна земја и можеме да имаме независна надворешна политика“, рече премиерот Дејвид Камерон пред комисија на британскиот Парламент. Тој додаде дека се надева оти ќе ги убеди своите европски партнери доколку лиферување оружје за бунтовниците биде неопходно.

Поддршка за укинување на ембаргото за оружје, кое истекува во мај, доаѓа и од Франција. Германија и други членки на ЕУ тоа го отфрлаат поради стравување од натамошна ескалација на конфликтот. Во конфликтот меѓу режимот на Башар ал-Асад и бутновниците во Сирија, во изминатите две години, според проценки на ОН, загинаа 70.000 луѓе.