1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Камерон најави референдум за британското членство во ЕУ

Дејвид Камерон сака британскиот народ „да има збор“ за иднината на Европа. Британскиот премиер бара од Европа да се прилагоди на новото време. Опозицијата критична кон премиерот.

Британскиот премиер Дејвид Камерон најави денеска организирање референдум во Велика Британија околу иднината на земјата во ЕУ, што би се одржал доколку на следните парламентарни избори, предвидени по 2015. година, победи неговата партија.

Во излагање во Лондон британскиот премиер рече дека пред да биде организиран референдумот, сака одржување преговори за британско- европските односи и склучување на нова спогодба со Брисел.

Во зависност од исходот на тие преговори, на британскиот народ би му останал „едноставен избор“, рече Камерон, или да ги прифатат резултатите од разговорите или да ја напуштат ЕУ.

Тоа, според британскиот премиер, би била судбинска одлука за Велика Британија, но доколку се обезбеди нов договор со кој тој би бил задоволен, Камерон рече дека ќе се залага со „душа и срце“ за останување во ЕУ.

Условите остануваат непознати

England Politik Ed Miliband

Ед Милибанд

Евентуалниот референдум би се одржал во првата фаза на новиот состав на британскиот Парламент, во периодот до 2018. година.

Камерон сепак не кажа конкретно какви услови ќе бара за неговата земја при евентуалните нови преговори со Брисел. Тој рече дека би сакал сите земји-членки на ЕУ да се согласат за нов договор, но и дека е подготвен да преговара на унилатерална основа.

Изјавата на Камерон во врска со британската иднина во ЕУ претходно требаше да се одржи минатиот петок, во Амстердам, за време на работната посета на Камерон на Холандија, но беше одложена поради заложничката криза во Алжир.

Британскиот премиер инсистираше дека тој не е изолационист, ниту сака да ја изолира Велика Британија, но порача дека сака подобри услови за земјата. Тој бараше од ЕУ да се измени и да се прилагоди на новото време. Според Камерон, да ја покрене трката за поголема компететивност и за повторно афирмирање на единствениот европски пазар, порачувајќи дека Велика Британија е во срцето на тој пазар.

Критики од опозицијата

Во првичните реакции дел од пратениците на Конзервативната партија на Камерон изразија задоволство од изјавата, оценувајќи дека таа има потенцијал да ја обедини партијата. Камерон е подолго време под силен притисок на пратениците од неговата Конзервативна партија и од евроскептиците да се изјасни за односите со ЕУ и да организира референдум за заминување од Унијата, ако не се постигне согласност за нова спогодба со Брисел.

Лабуристичката опозиција, па дури и претставници на Либерално-демократската партија, која е во коалиција со партијата на Камерон, жестоко го критикуваа

EU-Gipfel zur Zukunft der Union

Групните фотографии на лидерите на ЕУ во иднина би можеле да бидат без британскиот премиер

говорот.

Лабуристите го осудија настапот на Камерон, означувајќи го премирот како „слабак“ и зависен од партиските интереси, а не заинтересиран за националните интереси на земјата.

Од Либерално - демократската партија изразија загриженост дека изјавата на премиерот ќе предизвика нестабилност.

Најзадоволни се во Партијата за независност на Велика Британија. Нејзиниот лидер Најџел Фариџ изјави дека „духот конечно е пуштен од шишето“ и најави дека „вистинската работа“ за неговата партија допрва започнува во битката земјата да ја напушти ЕУ.