1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Камерон во среда ќе ја каже иднината на Британија во ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон конечно во среда ќе го одржи долго очекуваниот и веќе еднаш одложен говор за односот на неговата земја кон ЕУ. Говорот ќе биде одржан во Лондон, иако првично се планираше поинаку.

Камерон сакаше да го одржи говорот минатиот петок во Амстердам, но беше принуден да го одлoжи поради заложничката криза во гасната централа во Алжир. Портпаролот сега ја објаснува променетата намера – говорот да се одржи во некоја европска престолнина, со премирската агенда.

Делови од говорот веќе беа поделени во медиумите и тие покажуваат дека Камерон има намера да се закани со излегување на Британија од ЕУ, доколку 27-члениот блок не направи промени. Тој има намера и да каже дека Британците се заморени од „недостатокот на демократска отчетност“ на ЕУ. Во тие извадоци ги нема плановите на Британија повторно да преговара за своето членство во ЕУ и да ги постави новите услови на референдум пред британската јавност. Камерон излезот од ЕУ го посочува како можност доколку ЕУ не се справи со три сериозни проблеми – должничката криза во еврозоната, проблемите со конкурентноста и намалената поддршка од јавноста за ЕУ, која е посебно изразена во неговата земја.

David Cameron

Плановите на британскиот премиер можат да влијаат врз позицијата на земјата во светот, но и врз неговата политичка иднина

Ваквите ставови на Камерон предизвикуваат загриженост ширум светот. Светските лидери го нагласуваат значењето на британското присуство во ЕУ и предупредуваат на последици од можниот излез од блокот. Некои од политичарите предупредуваат дека таквиот потег ќе ја редефинира улогата на Велика Британија во светот, меѓу клучните сојузници и ќе влијае на политичката судбина на Камерон.

Сепак, во среда ќе биде појасно кој дел од моќта на ЕУ Камерон сака да пренесе на официјален Лондон.