1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Камен темелник за синагога во Минхен потсетник за ноќта на погромот

Полека беа ставени три основни цевки во темелот за идната синагога. Во една од нив се наоѓа листа со имиња на 2500 Евреи, кои биле жртви на Холокаустот само од Минхен. Шаролте Кноблох, претседателката на еврејската културна заедница во Минхен во својот говор потсети на историјата. Меѓу присутните 600 гости беше и германскиот претседател Јоханес Рау:

"Денеска мора да покажеме дека климата на насилство не е дел од нашата земја и нема да биде дозволено. Секоја жена и секој маж во цела Германија мора да му застанат на патот на дискриминацијата и насилството. Ние сме земја на слобода и толеранција, поради што не смееме да дозволиме омраза, расизам и насилство. Особено не релативизација на историјата на што сме сведоци во последно време", порача Рау.

Коментарот на претседателот, кој се однесува пред се на неодамнешната антисемтистичка изјава на ЦДУ пратеникот Хоман, не беше осамена. Пол Шпигел претседателот на централниот совет на Евреите во земјата, го нарече Хоман, антисемитистички потпалувач на оган. Но, Шпигел истовремено ја бранеше и изградбата на заштитниот еврејски sид во Израел. Според него тоа е неопходно:

"Самоволието со кое датумот на паѓањето на Берлинскиот sид се пренесува на изградбата на еврејскиот, и според кое се поистоветува само со негативните страни, го превидува фактот дека на Израел ваквата ограда му е потребна за заштита на животната егзистенција на еврејскиот народ од палестинските терористи", аргументираше Шпигел.

Инаку свеченоста се одвиваше под огромен степен на безбедност бидејќи баварската полиција уште пред некој месец спроведе рација во повеќе станови на десни екстремисти при што беа откирени планови за напад во Минхен, 14 килограми експлозив и друго оружје.

Новиот центар, кој треба да биде готов во 2006 година, наку е замислен како синагога, музеј, културен и верски центар, како и училиште детска градинка и нема намера да се штити со бетон ниту бодликава жица туку ќе биде отворен за сите луѓе. Старата синагога во Минхен, инаку една од најстарите и најубавите во Европа била уништена дури пет месеци пред ноќта на погромот. По крајот на војната во Минхен имало само 7 преживеани евреи. Денеска таму живеат 9000.