1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Камбек на музичките плочи

Во САД минатата година беа продадени толку многу плочи, како што не се продале од 1991 година до денес. И во Европа состојбата е стабилна и покрај тоа што плочите веќе одамна беа прогласени за „мртви“.

default

Стара, добра музичка плоча е повторно „ин“

Една од фирмите што произведува вакви плочи е германската фирма „Палас“. Неодамна, во нејзиното тонско студио влезе старата и многу позната хипхоп група „Бисти бојс“. Тие порачаа од новоснимениот албум да се направат илјадници примероци од т.н. винил-плочи. 

Удо Кардук, контролор во фирмата „Палас“, не слуша само музика, туку слуша се’. Тој особено внимава дали се слушаат некакви гребења, или пак, нечист звук додека свири плочата. Освен тоа, тој ја става плочата под микроскоп и може да открие дали на плочата при производството останале мали честички од прашина. Тој како гравер поминува со резбалото преку плочата се‘ додека не е потполно чиста: „Јас морам да внимавам на она што не е дел од плочата и не треба да биде на неа. Некои продукции содржат несакани звуци што ги препознавам и поправам. Имам познавање од музика, и знам дали звуците припаѓаат на тактот или не. Треба во секој случај да се има мирна рака, бидејќи движењата со резбалото треба да бидат особено мирни и прецизни. Кога се работи треба да го чувствуваш тоа што го правиш, а не со сила или груби движења да се обидеш да го отстраниш крцкањето од плочата“.

Plattenschneidemaschine

Машина за сечење плочи во винил-форма

За пресување на музиката во винил-форма потребни се подготовки повеќе од 24 часа

Од новата музичка плоча на групата „Бисти бојс“ досега беа порачани 8.000 парчиња за американскиот пазар и тоа направени од бел винил. Побарувачката за плочите е толку многу голема што членовите од бендот побараа уште 8.000 примероци. За фирмата „Палас“ ова не преставува никаков проблем, бидејќи во неа производството се одвива уште како во 70-те и 80-те години. „Овде ја држам смесата од која се прави музичка плоча. Таа се става во преса на 110 степени Целзиусови. “ Најголемиот дел од работата се извршува рачно. Но, работниците се искусни. Поголемиот дел од нив работат преку 30 години во фабриката. Овде дневно се произведуваат 10.000 плочи. Познатите музички групи како „Металика“, „Полис“ или, пак, соло уметници, ги порачуваат своите плочи кај фирмата „Палас“. Раководителот на фирмата Холгер Нојман особено е горд на вкупниот каталог на групата „Ролинг Стонс“.

Денес, Палас продава многу повеќе музички плочи од порано. „Воведувањето на музичкото ЦД беше голем удар за индустријата за производство на плочи. Тогаш ги прашавме блиските бизнис пријатели како тие гледаат на целата работа. Тие

Musik DJ Discjockey Frau

Диџеите пуштаат музика исклучиво од плочи

ни‘ дадоа еден совет: ’Доколку не ви се потребни просториите, тогаш оставете ги машините’, тие сите беа подготвени за производство. Набрзо потоа беше организирана првата Loveparade, парада на љубовта и на диџеите им беа потребни плочи за скречување. Во тој период имаше директни побарувања и до нашата фирма. Тогаш си рековме: луѓе ова е можеби втората шанса и винил-плочите повторно ќе се бараат. Па, да чукнам во дрво, денес имаме доволно работa со плочите“, објаснува раководителот на фирмата Палас Холгер Нојман.

Но, плочите од „Ролинг Стонс“, „Супертремп“ и „Бисти бојс“ прво одат кај контролорите за квалитет и се пуштаат на вртење со голема брзина. Доколку контролорот покаже со палецот нагоре, тогаш може да започне вистинското производство. На крајот плочите се обвиткуваат во хартија и се пакуваат. Речиси се’ се одвива рачно. Побарувачката расте - само минатата година продажбата на музички плочи порасна за 20 проценти.

 

Автор: Јана Вохник / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Симе Недевски