1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Како ќе работи владата?

Министрите од ДПА ја напуштаат владата и покрај договорот таа да функционира како малцинска и техничка до самитот на НАТО во Букурешт. Тие биле испровоцирани од изјави на премиерот

default

Груевски пред нови проблеми?

Портпаролот на македонската влада Ивица Боцевски денеска соопшти дека и по најавеното излегување на министрите од Демократската партија на Албанците од македонската влада, таа ќе функционира нормално.

Петтемина министри од ДПА денеска најавија дека не остануваат во кабинетот на премиерот Никола Груевски и ги повикаа сите функционери Албанци да ги напуштат државните институции. Ова го соопшти Имер Алиу, досегашен потпретседател на владата и генерален секретар на ДПА на прес конференција. И покрај одлуката на партиите владата на Груевски да функционира како техничка и министрите од ДПА да не поднесуваат оставки, сега ова значи компликување на политичката и владината криза. Повод за чекорот на министрите било вчерашното интервју на премиерот за државната агенција МИА. Во него Груевски меѓу можните сценарија за повлекување на ДПА од владата споменал дилема дали тоа лидерот Мендух Тачи не го направил во договор со Атина и Тирана. Алиу денеска го обвини Груевски дека работи по директива на Србија за дестабилизирање на Македонија.