1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Како ќе изгледа денешното затворање на Олимпијадата?

Свеченоста на затворањето на Олимписките игри во Лондон ќе биде проследена со спектакуларен огномет, но и со учество на Монти Пајтон и Спајс Грлс. Кралицата Елизабета Втора е во Шкотска и нема да биде присутна.

„Кралицата и принцот Филип остануваат во Балморал“, изјави во саботата портпаролот на Бакингемската палата, демантирајќи ги написите во медиумите дека кралицата ќе присуствува и на церемонијата на затворањето на Игрите.

Наспроти тоа, Спајс Грлс во полн состав ќе бидат дел од свеченоста на затворањето, а на стадионот ќе бидат донесени со популарното лондонско црно такси. Медиумите веќе објавија фотографии од овонеделните проби на стадионот Дегенхам.

Eröffnungsfeier Olympiade London 2012

По гаснењето на олимпискиот оган, секоја држава-учесничка ќе добие по една од чашките што ја формираа конструкцијата за олимпискиот оган

Иако според британските медиуми ќе биде тешко да се надмине инвентивноста од свеченоста на отворањето на Олимписките игри Лондон 2012, на кои кралицата Елизабета Втора „дојде со хеликоптер“ во придружба на Џејмс Бонд, сепак хуморот и музиката ќе доминираат и на оваа свеченост.

Според музичкиот режисер Дејвид Арнолд, композитор на филмска музика за неколку филмови со Џејмс Бонд, оваа церемонија на затворањето има цел „да го опфати духот на овие игри, коишто се лесно архаични, малку палави, смешни, чувствителни, егзалтирачки и толку ’бритиш’“.

Großbritannien Olympische Sommerspiele 2012 in London Brille Britisch

За посетителите се најавува богата музичка програма

Затворањето ќе претставува симфонија од британска музика, објасни во саботата на прес-конференцијата уметничката директорка Ким Гавин. Според неа, шоуто ќе трае 2 часа и 45 минути и ќе содржи повеќе од еден час музика. Во голема тајност беа држени деталите од свеченото затворање, меѓутоа многу уметници го потврдија своето учество, меѓу кои се славните Монти Пајтон, Џорџ Мајкл, Мјуз и Ед Ширен. Групата Меднес, којашто претставуваше сензација на јубилејот на 60-годишната од стапувањето на престолот на Елизабета Втора, свирејќи од покривот на Бакингемската палата, исто така, ќе учествува на свеченоста на затворањето на Олимпијадата, како и Ху и Брајан Меј од Квин.

Eröffnungsfeier Olympiade London 2012

Затворањето на Олимпијадата во Лондон нема да го надмине нејзиното отворање, во однос на инвентивноста, но ќе има бројни познати британски музички ѕвезди

Лондон вечерва ќе го предаде организирањето на бразилската метропола Рио де Жанеиро, каде што ќе се одржат следните Летни олимписки игри во 2016. година, а кој ќе има осум минути да се претстави со глобално популарната самба, капоерата, тапаните и карневалските костими.

На крајот, претседателот на Меѓународниот олимпискиот комитет Жак Рог официјално ќе го прогласи крајот на овие летни игри, по што ќе биде изгаснат и олимпискиот оган, кој гореше 16 дена.