1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Како функционира сината карта во пракса?

Сината карта во Германија се издава веќе два месеца. Таа им овозможува на висококвалификуваните мигранти брз и едноставен пристап до германскиот пазар на трудот. Како тоа изгледа во пракса?

Сината карта изгледа многу слично на новата германска лична карта и Даутмамет Реџепов гордо ја држи во рака. Овој Туркменистанец во август, преку неговиот работодавач, енергетскиот гигант РВЕ дојде во Хамбург. Претпријатието имено работи на истражувачки проект во неговата земја и овој стручњак секако сакаше да биде дел од него.

Dautmammet Rejepov und seine Frau Enesh Bashimova

Даутмамет Реџепов со сопругата Енеш Башимова

За сината карта не знаеше ништо, се’ до доаѓањето во Германија, но сега е воодушевен што на тој начин толку брзо доби виза за постојан престој. Оној кој добро напредува во учењето на германски јазик и има постојан работен договор, може да добие неограничена дозвола за престој по две години. За Реџепов кој е на возраст на почетокот на 30-тите години, со ова постои екстра мотивација за брзо да го научи германскиот јазик. 

Индијците се чести сопственици на сната карта 

Но ова не е единствената причина што го воодушевува младиот специјалист за земјен гас и нафта. Одлуката да се пресели во нова држава му ја олесни и фактот што можеше да ја поведе својата сопруга Енеш Башимова. И таа веднаш доби дозвола за престој и работа. За разлика од членовите на семејствата на нискокфалификувани мигранти, таа немораше да докажува познавање на германски јазик.

Сината карта во Германија се издава од август и во Хамбург наидува на голем интерес. Градските власти досега издадоа 163 сини карти. Во моментов нема податоци колку сини карти биле издадени на територија на целата држава во овој период. „Особено често им се издава на Индијци“, вели Бирте Штелер од Welcome Center. Таму квалификуваните мигранти може да добијат корисни совети за дозволата за престој, за сината карта и за прашања од практичниот живот. На стопанството во Хамбург му се потребни стручњаци „во пристаништето, за воздушната и бродската индустрија, на полето на обновливи енергии и комјутерски игри“, подвлекува  Штелер.

Birte Steller

Бирте Штелер

Пред да биде воведена, таа гледала критички на сината карта. Стравуваше дека минималната плата од 35.000 до 45.000 евра ќе ги поттикне претпријатијата да вработуваат странски стручњаци, наместо да ги бараат во сопствената земја. Се’ уште е рано да се извлече биланс, појаснува Штелер која одбегнува директен одговор и вели: „Ситуацијата мораме да ја посматраме, можеби и приходите севкупно се пониски“.

Според една анкета на Институтот за истражување на пaзарот на трудот во Нирнберг осум проценти од германските претпријатија во првата половина на 2011 година неможеле да најдат соодветни висококфалификувани стручњаци. Ова е помалку отколку во 2000 година, но вкупно гледано трендот не е во опаѓање. Се’ уште голем дел од претпријатијата можат да ја покријат својата потреба од стручњаци, но повеќето сметаат дека ова ќе се смени, заклучуваат научниците. Една од причините е стареењето на општеството. Токму кај помалите претпријатија би можело да се создаде проблем, доколку едно работно место подолго време остане празно, покажуваат резултатите од анкетата.

„Мораме да делуваме превентивно“

Бирте Штелер од Welcome Center во Хамбург гледа дека сината карта наидува на добар одек, но смета дека Германија би можела да отиде и чекор понатаму. Впрочем европските одредби предвидуваат, стручна надобразба во траење од најмалку пет години да се изедначи со факултетска диплома, но за тоа  би требало да се направат измени и надополнувања во националното правосудство. Досега германското министерство за вработување смета дека нема потреба да се преземат мерки.

Сенаторот за труд во Хамбург Детлеф Шеле иако во моментов не гледа акутен недостиг на стручна работна сила во градот, смета дека такви законски измени имаат смисла. „Мораме да делуваме превентивно“, вели почитичарот од редовите на социјалдемократите. Исотвремено предупредува да не се признаваат надобразби во "light" верзија.

Успехот на сината карта ќе зависи од тоа дали Германија ќе успее да ги задржи високо квалификуваните стручњаци во земјата. Даутмамет Реџепов и неговата сопруга Енеш Башимова се’ уште не ја исклучуваат можноста да заминат на друго место: „Претходно живеевме во Африка, кој знае каде уште ќе не однесе работата“. Впрочем сината карта го овозможува и тоа: патување и работа во Европската унија.