1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Како се чека бебето во британското кралско семејство?

Во средината на јули војвотката Кетрин и принцот Вилијам треба да го добијат првото бебе. Веќе се произведуваат сувенири за нероденото бебе, обложувалниците тријат раце, а фановите на кралското семејство планираат забави

Маргарет Тајлер е голем поддржувач на британската монархија. Од пред неколку месеци 68-годишната жена се радува на раѓањето на првото дете на принцот Вилијам и војвотката Кетрин.

„Мислам дека најпрекрасна работа ќе биде кога Кејт и Вилијам ќе го добијат првото дете. Мислам дека целата земја и светот ќе полудат. Тоа е најважното бебе на светот, а се’ уште не е родено“, вели Маргарет Тајлер, фан на кралското семејство.

Повеќе од 10.000 кралски сувенири ги исполнуваат 70-те квадратни метри во нејзината куќа во лондонската населба Вембли. Страстта за колекционерство започна пред повеќе од 30 години. Сеедно дали чинии, чаши, картонски фигури или фотографии - пензионерката има толку многу од се’ што е поврзано со кралската фамилија. Место за новите сувенири со бебето таа веќе одбра - веднаш до нејзините кукли со ликот на принцот Вилијам.

Bildergalerie Lady Diana / Princess Diana Unfall und Kult nach ihrem Tod

Маргарет Тајлер e сопственичка на колекција сувенири вредна 50.000 евра

„Првиот сувенир ќе биде филџан, бидејќи обожувам порцелан, а и чинија - се надевам. Секако ќе биде розова или сина, не знам уште. Ако некој веќе ги продава двете, ќе купам по една од нив и ќе знам дека ја имам вистинската шолја“, вели Маргарет Тајлер, сопственичка на колекција вредна 50.000 евра.

Продукцијата на таквите шолји веќе е во полн ек во фабриката за порцелан „Хадсон анд Мидлетон“. Тие ќе бидат испечатени дури тогаш кога полот и името на детето ќе бидат познати. Веќе има прототипи во сина и розева боја.

„За кралското бебе во моментов имаме од шест до осум илјади нарачки, а згора на се сега доаѓаат 10.000 други. Компанијата мора бргу да произведува, така што за еден месец планираме околу 50.000 парчиња“, вели Мајк Ширли, генерален директор во „Хадсон анд Мидлетон“.

Bildergalerie Lady Diana / Princess Diana Unfall und Kult nach ihrem Tod

Сувенирите за нероденото бебе се подготвуваат и треба да најдат место во збирките на фановите на кралското семејство

Фабриката е основана во 1875 година во Стоук он Трент. Малиот град во централна Англија уште од 17-от век е познат по своето грнчарство. Оџаците на фабриките за керамика доминираат во градската слика. Во „Хадсон енд Мидлетон“ се изработува рачно. 40 вработени произведуваат неделно по 8.000 порцелански парчиња во различни дизајни. При дизајнот на новата шолја-сувенир може да има еден проблем - името на бебето може да биде многу долго.

„Тоа би не ставило на испит. Може да се случи да треба да ја намалиме димензијата на принтот или да размислиме да ја направиме шолјата поголема, ако на крајот има енормно количество на имиња. Но, што и да се случи ние би можеле да ставиме иницијали од некои од имињата, ако мораме“, вели Мајк Ширли, генерален директор во „Хадсон анд Миделтон“.

Името на детето исто така е една голема тема во обложувалниците во Велика Британија и на него внимателно се обложува. На прво место се наоѓа Александра, а потоа следува Дијана и Мери. Обложувалницата „Вилијам Хил“ очекува заработка од 200.000 евра. 

Souvenirs zum Diamond Jubilee der britischen Queen, aufgenommen am Samstag (26.05.2012) im Souvenirshop des Palace of Holyroodhouse in Edinburgh. Am 6.2.52 wurde Elizabeth II. zur Königin proklamiert. Vom 2. bis 5. Juni finden die offiziellen Feierlichkeiten zum Diamantenen Thronjubiläum der Monarchin in London statt. Foto: Cordula Donhauser dpa

Британците се обложуваат за полот, името, изгледот и датумот на раѓањето на бебето

„За се’ има обложувања - од бојата на косата на бебето до тоа колку ќе тежи кога ќе се роди, за денот и времето кога бебето ќе биде родено, а има и неколку смешни, како - дали ќе има царски рез или природно породување и за магазините кои први ќе ги добијат официјалните права за првите фотографии“, вели Хелен Лу од обложувалница „Вилијам Хил“.

Бебето е тема на разговор и надвор од обложувалниците.

„Мислам дека тоа е многу стимулирачки за целата земја и е нешто што ни е многу потребно“, вели една Англичанка. „Возбудливо е и се чини дека таа ќе биде одлична мајка“, додава друга граѓанка. „Кралското семејство не е нешто на што мислам, па не мислам дека сум многу возбуден“, вели еден граѓанин.

Маргарет Тајлер, пак, е толку многу возбудена што точно знае што ќе прави на денот на раѓањето.

„Мислам дека ќе приредам мала забава за бебето. Не пијам алкохол, пијам само чај, но другите луѓе ќе можат да пијат шампањ во чест на бебето. Тоа е толку весела прилика. Бебето е омилено во секое семејство, но ова е посебно, бидејќи е идниот крал или кралица. Тоа е премногу за толку мало бебе, зарем не“, забележува пензионерката Тајлер.

Маргарет Тајлер со нетрпение го чека раѓањето на кралското бебе. Тоа треба да дојде на свет во средината на јули.