1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Како се формира цената на нафтата?

Постојат многу факти со кои може да се опише состојбата на пазарите за нафта. Маркантна е притоа побарувачката од Кина. 40 насто од побарувачката на нафта меѓу 2000 и 2003 оди на контотот на оваа земја. Токму од тие причини Кина е ранлива поради сегашната висока цена на нафтата. Но, кои се цените што се високи? Дали за сите сорти или само за некои? И каде се тргува со нив?

Буши, буши и пак нема!

Буши, буши и пак нема!

Суровата нафта се црпи само во мал број земји. Токму според потеклото постојат и ценовни разлики, објаснува Конрад Ајгнер, нафтен експерт во Дојче банк:

“Овие нафтени сорти имаат различен состав и оттаму доаѓа и до разлики во цените, зашто од нив можат да се направат различни миксови. Ако на пример, сега се зголеми побарувачката на нафтата за греење во зимските месеци, тогаш нафетната сорта од која може да се добие повеќе нафта за греење ќе стане и поатрактивна. Оттаму доаѓаат сите разлики во цените за различните видови“.

Постојат нафтени сорти ВТИ и Брент. ВТИ е кратенка за Вест Тексас Интермедијат и означува нафта што се црпи во Тексас и Оклахома. Брент нафтата се создава од мешавина на различни сорти од Северното Море. Постои секако и ОПЕК-нафтата и нејзината цена. Таа најчесто е нешто под цената на Брент-нафтата.

Цената на ВТИ се формира на Њујоршката берза. Таа во просек е повисока за два долара од Брентот чија цена се формира на берзата во Лондон. Цените на другите сорти најчесто се формираат врз основа на разликите во цените со Брентот. Се разликуваат исто така и тешка, и лесна нафта. Лесната е подобра за рафинирање, тешката од тие причини се користи за нафта за греење. Ако на пример, сега, Саудиска Арабија најави дека ќе ги зголеми капацитетите на црпење, тоа може да значи и намалување на цените.

Второто прашање е колкави се нафтените резерви. Концернот Бритиш петролеум проценува дека глобалните нафтени резерви изнесуваат околу 1,15 билиони барели, што е за една десетина повеќе од проценките во 2002 година. Конрад Ајгнер вели:

“Нафтените резерви се токму прашање на цената. При цена на барел од 20 долари не беше рентабилно да се создаваат резерви. Сега кога цената порасна секако е рентабилно да се отворат дополнителни извори, односно да се бараат нови можности за црпење нафта, така што и резервите се прашање на цената. Колку што е повисока цената, толку поисплатливо е да се отворат дополнителни извори“.

Цената на нафтата е висока и поради тоа што капацитетите на американските рафинерии се преоптоварени, па САД повеќе купуваат во Европа:

“Капацитетите се оптоварени зашто од 70-сеттите години не се случи ниту една инвестиција во рафинериите вредна да се спомне. И тоа е резултат на долгогодишните пониски цени. Не се исплаќаше, а сега е потребно време за да се фати чекор“.

Не како последни се и геополитичките страхувања кои ја туркаат цената на нафтата нагоре што може да го забави економскиот полет.