1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Како се станува куратор?

На универзитетот Гете во Франкфурт се отвори нов студиски правец -„Студии за куратори, теорија, историја, критика“. Eдинствен од ваков вид поради соработката меѓу универзитетот, уметничката академија и музеите во градот.

default

Универзитетот Гете во Фракфурт

Непрецизно снимање со камерата, брзи чекори, кратки изјави од луѓе кои живеат во сивите висококатници. Видео инсталацијата на холандскиот уметник Ерик ван Лесхут е дело на кое работат студентите на „Студии за куратори, теорија, историја, критика“ во Франкфурт. Тие не дискутираат само за уметноста, туку размислуваат за презентацијата и текстовите за сликите на изложбата. Предавачот по историја на уметност Штефани Херој е иницијатор и раководител на студискиот смер што ги поврзува теоријата и стручното познавање со практичниот дел.

Ова конкретно значи: „Студентите мора да одат на пракса за време на студирањето. Тоа е задолжително. Во првата студиска година тие имаат неделни посети на музеите, освен тоа предвидени се и посети на различни ателјеа. Тие се запознаваат со архитектурата и претставувањето на изложбата. Ова е само едниот дел од студиите, другиот е традиционалното академско студирање на универзитет“, објаснува Штефани Херојс.

Конципирање на изложби и составување на текстови за уметничките дела

Deutschland Bildung Studiengebühren Studenten Goethe Uni in Frankfurt

Студентите имаат класично предавање и пракса

Во моментов студентите од првата студиска година работат на проектот за новата зграда на музејот Штедел во Франкфурт. Студентите, поделени во групи, добија ЦД со 200 слики и треба да размислат како ќе ги закачат уметничките дела во музејот.  Заедно со кураторите на музејот тие ќе ги разгледаат нивните идеи. И за соработниците на музејот оваа размена е исто така од големо значење, вели Штефани Херојс: „Доколку се предвидени нови изложби, тогаш за музеите е исто така добро работите да ги дискутира и со друга публика, а не само со колегите.“

Ваквата соработка меѓу универзитетот, музејот и уметничката академија е единствена од ваков вид во Германија. Новиот студиски правец е допирна точка меѓу теоријата и праксата. И токму тоа е причината зошто Адела Деметиа се пријави да студира овде. 26 годишната Албанка во нејзината татковина и во Германија студирала умтност и две години барала токму вакви студии со завршна мастер диплома како што се нудат од октомври минатата година во Франкфурт. „Јас доаѓам од регион каде не можам да студирам вакво нешто и каде многу директори на музеи или студирале уметност или историја на уметност. Затоа ми е важно да ги завршам овие студии и да работам во мојата татковина, во некоја земја на Балканот или во Германија.“

Од 12 студенти во првата студиска година половината доаѓаат од странство

Tirana Kunstaustellung WEGE

Дело на албанскиот уметник Арбен Кучанас во Тирана

Имено, пријави доаѓаат од целиот свет. Предуслов за студирање се завршени студии со бачелор диплома во областите историја на уметност, етнологија, филозофија или историја. Се разбира нема гаранција дека по завршувањето на „Студиите за куратор“ дипломците веднаш ќе најдете работа во некој музеј. Но, шансите не се лоши, бидејќи студентите за време на студирањето имаат можност да се запознаат со начинот на работа на музеите за што многу други студенти немаат можност. „Најинтересното за нас е тоа што имаме можност да видиме како работи еден музеј и како се подготвуваат и уредуваат различни изложби“, вели Адела.

Автор: Бианка фон дер Ау / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Александра Трајковска