1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Како се станува агент на ФБИ?

По нападите од 11.09.2001 год., американската сојузна полиција ФБИ доби нова задача – сега борбата против тероризмот стана приоритет за службата стара повеќе од сто години. Агентите се обучуваат во Академијата на ФБИ.

default

„Она што го гледате зад мене е тренинг на нашите нови агенти“, објаснува специјалниот агент Курт Крафорд од канцеларијата за односи со јавноста на ФБИ, кој поради вревата во заднина мора да прави постојано да прави паузи додека зборува. „Овде, во Квантико, многу се пука “, вели тој, додавајќи дека секој месец се трошат над еден милион куршуми.

Новите агенти, во панталони со крем-боја и темно-сина поло-маичка, стојат во голем канал, во којшто се наоѓаат метите за стрелање. Тие вежбаат со службено оружје да погодат мета, што за дел од нив е ново искуство, објаснува инструкторот Тимоти Деленди: „Кај нас доаѓаат секакви луѓе – ветерани од ирачката и авганистанската војна, поранешни полицајци, но и фармери, зоолози и пилоти. Некои од нив никогаш во животот не држеле оружје в рака.“

Една година се прави селекција

Агент на ФБИ може да стане секој маж или жена со американско државјанство, на возраст од 23 до 37 години, кои веќе се докажале во некоја друга професија. Не е важно каква била претходната професија, но оној кој постигнал особено голем успех или, пак, бил раководел со персоналот, има поголеми шанси да ги преживее селекциите во ФБИ. Тоа трае една година. Од десетици илјади лица кои конкурираат преку интернет, само околу седум илјади успеваат да стигнат до тестот за полагање. По тестот, само на 1100 лица им успева да влезат во академијата.

Секоја втора недела во Квантико, во

Symbolgrafik: WANTED BY THE FBI

сојузната американска држава Вирџинија, се поздравува некоја нова група, вели Деленди. Речиси сите се одлучиле за кариера во ФБИ од патриотски причини. „Доаѓаат во недела попладне, околу седумнаесет часот. Во понеделник полагаат заклетва, ја средуваат документацијата, пополнуваат формулари за осигурување и слично. Обуката трае дваесет недели.“

Во овие дваесет недели изборот продолжува. Телесната кондиција се тестира веќе вториот ден. Кој не може да направи барем триесет склекови без пауза, а кај жените четиринаесет, тој има право уште еднаш да се обиде во седмата недела. Ако и тогаш не му успеа - мора да ги спакува куферите. Дел од фитнес-тестот се и трчање на кратки и долги патеки и стомачни вежби.

Вежби и теорија - се‘ е важно

Спортскиот тренинг чини само една четвртина од обуката на новите агенти, исто како и обуката за пукање. Еднаков удел има и теоријата – агентите мора да учат закони и да знаат како да вршат дополнителни истражувања и да пишуваат извештаи. И уште пред да добијат оружје в рака, добиваат објаснување од специјалниот агент Ричард Шот кога и како смеат да го употребат оружјето. Тие мора да се придржуваат до т.н. правило „дедли форс“, кое вели дека

Spezialagent Richard Schott von der Rechtsabteilung des FBI erklärt den angehenden Kollegen, wann sie ihre Waffe benutzen dürfen

Специјалниот агент Ричард Шот објаснува кога смее да се употреби оружје

еден агент на ФБИ смее да пука...„кога има оправдана причина да верува дека постои опасност осомничениот во непосредна иднина да убие други лица или, пак, дека може на агентот да му нанесе сериозни повреди.“

Се вежба со видео-симулации во просторија без прозорци. Агентот може да се сокрие зад една метална плоча и на платното на ѕидот го насочува оружје. На ученикот му се објаснува дадената ситуација во видео-филмот и потоа се вели – акција! Во овој случај се работи за човек кој со оружје в рака бега и се крие во грмушка. Постои сомневање дека е припадник на терористичка организација и дека има намера да крене во воздух дражавна установа. Агентот на ФБИ треба да го уапси. И како што обајснува специјалниот агент Шот, смее и треба да му пука на бегалецот и в грб: „Не сметате дека би можел да се заврти и да пука во агентот?“

Животот не е филм

Во вистинскиот живот е поинаку отколку на телевизија или на филм, објаснува Шот. Ако агентите мора да чекаат додека препознаат што држи осомничениот в рака, може да биде веќе предоцна. Исто така, како што објаснува Шот, агентите на ФБИ не се обидуваат со истрел да му го исфрлат на другиот оружјето од рака или да го повредат в нога, зашто со тоа опасноста што произлегува од лицето кое се гони не е отстранета. Затоа – целни истрели врз телото на противникот.

„Дури кога на некој нов агент во првите недели му ги објаснуваме насоките за постапување, дури тогаш му станува јасно дека навистина мора да пука во друг човек и дека, притоа, може да го убие. Дел од нив во тој момент стануваат свесни дека тоа воопшто не можат да го сторат. Ја напушаат академијата уште во првата недела.“

Специјалниот агент Шот е во служба дваесет години.Тој самиот честопати морал да го извлече оружјето од футрола, но никогаш не морал да пука во некого. И покрај тоа што се активни дванаесет илјади агенти, вели тој, тие ретко пукаат и не се вмешуваат во престрелки.

Обуката трае дваесет недели

Како едно апсење да се реализира и без употреба на оружје, агентите треба да вежбаат во што е можно пореални ситуации и околина. Затоа, последната четвртина од нивната обука се состои од практични вежби во „Хоганс алеј“. Така се вика улицата во кампот на обука

FBI Agent

Агент на ФБИ се станува по многу строга селекција

на ФБИ, на која има банка, мотел и продавници.

Жители и осомничени лица се статисти, а зад ѕидовите од куќи се крие, всушност, магацин. Но, сепак, тоа е доволно за да се вежба како се прави претрес на куќа.

Агентите мора да научат и како да ги држат во шах-позиција луѓето кои се возбудени и кои сакаат да спречат апсење.

По дваесет недели, основната обука е завршена. Осумстотини и педесет агенти успеваат да минат низ сите тестови секоја година. Тие се испраќаат во една од 56 канцеларии на ФБИ ширум земјата, а почетната плата им изнесува 57.000 долари годишно. По основната обука, тие работат на случаи заедно со други колеги и во мали канцеларии, вели шефот за обука, Деленди: „Знаеме дека не се експерти во однос на финансиски измами и дека не апсат членови на банди уште од првиот ден. За такви работи има специјални тренинзи, кои треба подоцна да ги поминат.“


Автор: Кристина Бергман / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска