1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Како се справија Јапонците со ЕХЕК?

Еврокомесарот за здравство Џон Дали побара од германските власти да се консултираат со странски експерти околу откривањето на изворот на зараза со бактеријата ешерихија коли, на пример - со јапонските колеги!

Германскиот министер за здравство Даниел Бар

Германскиот министер за здравство Даниел Бар

Беше јули 1995 година, кога во регионот на Осака за кусо време од дијареја заболеа околу 9.500 жители. Бидејќи меѓу нив имаше и голем број ученици, надлежните власти во потрагата по изворот на заразата се сконцентрираа врз училишните кујни. Кусо време потоа заразата се прошири и на други делови од Јапонија, а експертите како виновник за епидемијата ја открија бактеријата „ешерихија коли“. Лекарска помош побараа повеќе од 10.000 лица, од кои осуммина починаа.

Потрага по изворот на епидемијата

Сатоши Такаја од јапонското Министерство за здравство беше во тоа време надлежен за справување со епидемијата на „ешерихија коли“.

Еврокомесарот за здравство, Џон Дали

Еврокомесарот за здравство, Џон Дали

„Бидејќи најголемиот број од заболените јаделе исти намирници, набрзо стана јасно дека трагата води кон никулците од бел рен. Откривме дека нив ги испорачувала една фирма, како во училишните кујни, така и во еден старечки дом, каде исто имаше случаи на дијареја. Затоа подетално ги испитавме никулците и водата што ја користела фирмата за нивно производство. Но, тестовите беа негативни“, се сеќава Сатоши Такаја, кој денес раководи со јапонското Здружение за хигиена на прехранбените производи.

Тој појаснува дека семето за никулци се сее во хранлив раствор со многу вода, поради што е многу важно таа соодветно да се дезинфицира. Фирмата меѓутоа, од око ја дезинфицирала водата и не вршела редовни бактериолошки контроли.

„Кусо пред да дојдат нашите инспектори за да извршат тестови, соработници на фирмата ставиле големо количество хлор во водата, така што не пронајдовме никакви траги од опасната бактерија“, појаснува Сатоши Такаја. Сепак, неговото министерство издало предупредување да не се користат никулци од рен од спомнатата фирма.

Државата сепак во право

Граѓаните на Јапонија затоа наредните години се воздржувале од консумирање никулци од рен, што довело до банкрот на неколку претпријатија што ги

EHEC Labor Symbolbild

произведувале. Тие ја тужеле државата и во 2003 победиле во судските процеси, по што државата морала да им плати отшета. Но, затоа оттогаш во Јапонија не е забележан ниту еден случај на жртви од ешерихија коли. Дури неодамна, за првпат, имало случај со ешерихија коли, но овојпат поврзан со консумирање живо месо во некој ресторан, од што починале четири лица.

Јапонското министерство за здравство, во рамки на борбата против опасната бактерија, пред 15 години спроведе бројни информативни кампањи во училишните кујни. Тие се оттогаш до ден денес задолжени сета храна што се јаде жива да ја дезинфицираат со вода, во која има цели 200 милиграми хлор по литар.

Автор: Петер Кујат / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска