1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Како се манипулира со сликите

Колку често и колку многу се манипулира со сликите се покажа за време на ирачката војна. Инвазијата на САД и земјите-сојузнички беше оправдувана со слики од наводното оружје за масовно уништување. Примери има многу.

default

Оригиналот...

Еден од најновите примери беше регистриран во египетскиот весник „Ал Ахрам“. Извештајот за мировните преговори за Блискиот Исток во Вашингтон беше илустриран со фотографија на која се гледаа пет господа на црвениот тепих: израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, претседателот на Палестинците Махмуд Абас, јорданскиот крал Абдула, американскиот претседател Барак Обама и пред сите нив 82-годишниот египетски претседател Хосни Мубарак. Што „штрчеше“ на оваа фотографија? На оригиналната снимка, проследена од повеќе новински агенции, се гледа дека најнапред оди американскиот претседател Барак Обама, а Мубарак е лево зад него. Се поставува прашањето зошто весникот сакал да манипулира со оваа фотографија? Рајнер Солич од арапската редакција на Дојче веле се обидува да објасни:

„Следната година се одржуваат претседателски избори во Египет, а се` уште не се знае дали на нив ќе настапи Мубарак или син му. Во секој случај, целта на манипулацијата е на египетската опозиција, но и на обичниот народ да му се покаже дека нивниот претседател е навистина некој на меѓународниот паркет, тој е напред пред сите. Дури и Обама и Нетанјаху се зад него.“

Ахмадинеџад зборува - Ахмадинеџад слуша

Fotomontage Ägypten Mubarak Obama Screenshot Al Ahram

... и фотомонтажата

Значи манипулацијата е дел од предизборната кампања, Хосни Мубарак обожува да се претставува како лидер - средство по кое често посегнува и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, како што појаснува новинарот Џамшеф Фаруги од редакцијата на фарси јазик на Дојче веле:

„Прво се гледа Ахмадинеџад како зборува на говорницата. Потоа камерата се насочува кон присутните и во првите редови повторно се гледа Ахмадинеџад, овојпат како слушател. Вакво нешто често се случува во Иран. Сликите се манипулираат со цел да се покаже дека претседателот има поддршка од што е можно поголем број граѓани.“

Нормално дека владата во Техеран нема никогаш да признае дека манипулира со снимките. Наместо тоа е неуморлива во дискредитирањето на опозицијата. За време на минатогодишните протести светот го заобиколи сликата од убиството на младата студентка Неда, меѓутоа владата во Техеран тврдеше дека снимките се наместени. Дури од некаде извади девојка со истото име, тврдејќи дека Неда е здрава и жива. За жал очевидци, лекари и роднини беа сведоци на тажната спротивност.

Фотографијата како доказ

Video von Todesopfer bei Demonstration

Манипулирана фотографија?! Смртта на студентката Неда во Техеран

Уште еден пример дојде од Русија пред три години. Александар Кинев од руската НВО „Глас“ за Дојче веле зборува за нерегуларности во изборниот процес.

„За време на изборите за Думата во 2007 година, управата на државните компании ги принудуваше вработените, откако ќе гласаат, ливчето да го фотографираат со камерата на мобилниот телефон. Тоа требаше да биде доказ дека гласале“, вели Кинев.

Тој додава дека ако некој не го фотографирал избирачкото ливче, се соочувал со губење на работното место. Затоа за ваквите инциденти може да се дознае само преку интернет, бидејќи избирачите не смееле да се пожалат кај надлежните. Цели избори се манипулираат со помош на слики - било да е тоа фотографијата од Мубарак во весник, или фотографиите како доказ за правилно дадениот глас во Русија.

Автор: Тобијас Елмајер / Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска