1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Како се вика победникот на изборите во Грција?

default

Лидер е на грчките социјалисти и иден премиер на земјата. По изборите, на Грците им порача:

„Го почнуваме заедно новиот курс, за да ја изградиме Грција за која сонуваме. Тоа ќе биде Грција која има самодоверба и е способна. За ние, Грците, заеднички да ги испишеме идните страници на грчката историја.“

Актуелниот лидер на ПАСОК ветува прекин со минатото и крај на непотизмот. „Но, за многумина Грци тоа звучи чудно од устата на некој политичар, кој дошол во редовите на парламентот со помош на татко му уште на 29 години“, прокоментира германскиот весник „Зиддојче цајтунг“.

Награда за претходното прашање

Одговор на претходното прашање „Како се вика досегашната и идна канцеларка на Германија?“ - е Ангела Меркел.

Добивме 57 точни одговори, а добитник на наградата - рачен часовник со логото на Дојче веле е Лазо Арсовски од Велес.