1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Како Путин владее со Русија преку телевизија

Со часови рускиот претседател Владимир Путин одговараше на прашања на граѓаните. Зборуваше за стапката на наталитетот, неговата борба против корупцијата и допушти дури и критики за владата.

„Господине претседател, ве молиме погрижете се да биде изградено играиште за деца пред нашата куќа“. Со оваа молба едно девојче од далечниот Исток му се обрати на Владимир Путин во повеќечасовниот ТВ настап. Шефот на Кремљ вети дека ќе помогне. Речиси не помина ниту еден час, а руската новинска агенција објави вест дека детското игралиште ќе биде изградено и за тоа ќе се погрижи лично надлежниот гувернер.

Преку руската државна телевизија вчера  (25.04) рускиот претседател одговараше на прашања на граѓаните, еден вид прес-конференција со народот. Од 2001 година Путин еднаш годинишно одржува „уан-мен-шоу“, кое се пренесува во живо и привлекува милиони гледачи пред телевизиските екрани. Овојпат Путин постави нов рекорд.

Putin TV Dialog mit dem Volk 25.04.2013

Рекордно долг настап на Путин на руската телевизија

Четири часа и 47 минути претседателот на државата одговараше на прашањата на неговите граѓани, кои преку телефон, СМС или вклучување во живо го информираа за нивните грижи во руската провинција. Ова беше првиот ваков настап, откако Путин се врати во претседателската фотеља во мај 2012 година.

Путин како татко на нацијата

Уште на почетокот Путин направи биланс и изрази задоволство. Стапката на наталитетот и платите во Русија биле покачени, армијата добива ново оружје, задоволен е шефот на Кремљ. Но, не и кога стана збор за спориот економски пораст во Русија. Тој дел од одговорноста ја префрли во странство: „Кризата на Западот и пред се’ во Европа остави траги и кај нас“.

Огромен дел од прашањата беа за секојдневните проблеми на Русите: растечки цени, ниски пензии, корумпирани службеници. Путин се претстави како татко на нацијата, кој за се’ во земјата лично мора да се погрижи, имиџ што Путин го негува со години.

Критика за владата

Russlands Ex-Finanzminister Alexei Kudrin

Критика за руската влада од екс министерот за финансии Кудрин

Дозволени беа и критички прашања, но само оние кои шефот на Кремљ очигледно сакаше да ги слушне. Така поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин ја критикуваше владата, без притоа со име да го именува премиерот Дмитриј Медведев. Руското стопанство премногу зависи од извозот на гас и нафта, и владата прави премалку за да го смени тоа, критикуваше Кудрин, а Путин одговори со блага насмевка. Барањата за оставка на владата тој сепак ги отфрли, велејќи дека кабинетот е нов и заслужува шанса да се докаже. Кудрин е близок пријател на Путин и шефот на Кремљ повеќепати го пофали пред телевизијата. Се чинеше како да сака индиректно да го наметне за нов премиер, со оглед на тоа што Медведев не е омилен во Русија и со месеци се шпекулира за негова оставка.

Пред крајот на телевизискиот настап Путин говореше и за опозицијата и нивните протести во Русија. Путин овојпат не ги навреди, туку покажа готовност за дијалог со опозицијата, без да наведе конкретни детали.  Тој ги повика своите противници да формираат партии и да влезат во парламентот. Имено на познатиот блогер и критичар на Кремљ Алексеј Навални, против кого се води судски процес поради наводен стопански криминал, Путин не го спомена, но нагласи дека процесите против опозиционерите не биле политички мотивирани. Уште помалку Путин говореше за надворешната политика.