1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Како понатаму?

Kомесарoт Оли Рен е уверен, дека по финансиската помош, стопанството на Ирска ќе бележи пораст уште во 2012. Истовремо загрижува, дали Шпанија и Португалија се следните несигурни кандидати кои ќе мора да бидат спасени.

default

ЕУ Комесарот за монтарна политика Оли рен

Европската унија и натаму стравува за стабилноста на еврото, изгледите за опоравување на стопанството меѓутоа се чини се подобруваат. Комисијата во последната анализа ги коригираше повеќето пролетни прогнози, некои значително повеќе во плус. Се очекува да се намалат дефицитите и невработеноста, додека инфлацијата треба да остане во подносливи рамки. Очекувањата за пораст за наредната година се ослабнати, сепак значително подобри отколку што се стравуваше изминатата пролет. Но тоа е просекот, додека развојот во моментов се одвива со различно темпо, подвлекува комесарот за монетарна политика Оли Рен. „Мора да се признае во Европа постои одредена поделба на два дела. Пред се’ Германија силно излезе од кризата. Истото се однесува и за некои други земји од средна и северна Европа. Истовремено други земји во јужна Европа и Ирска се соочуваат со значајни потeшкотии, пред се’ порaди проблеми при финансиското консолидирање.“

NO FLASH Irland Euro

Што се однесува до спасувачкиот пакет за Ирска, Рен нагласи дека од неделата кога беше одобрен до денес тоа не влијаеше врз пазарите. „Ќе сториме се’ што е неопходно за да ја обезбедиме финансиската стабилност на Европа. Како и секогаш, потребно е време за да се поврати довербата. Нам ни е потребно консеквентно и конкретно делување во сите области. Го знаеме тоа и ќе го направиме.“

Тој очигледно има доверба во Ирска, оти нејзиното

Symbolbild Portugal Euro

Се стега обрачот околу Португалија?

стопанство во основа било здраво: „Ирска има силна економска основа. Оваа солидна основа поврзана со одлучното спроведување на програмата за консолидација би требало да помогне, земјата да се врати на колосекот на одржливата економија и истовремено да се задржи социјалното единство.“

Ваква јасни зборови во моментов не може да се слушнат од Рен за состојбата на Португалија. Многумина стравуваат дека Португалија ќе биде следната земја која ќе мора да побара финансиска помош.

Автор: Кристоф Хазелбах/ Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска