1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Како понатаму во Авганистан?

Во ОН се одржа конференција посветена на Авганистан. Под раководство на генералниот секретар Бан Ки Мун и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, претставници на 18 земји бараа одговор на прашањето како понатаму?

default

Хамид Карзаи

И покрај вестите за борби на југот на Авганистан, рекордна сезона на производство на опиум и голем број самоубиствени атентати, Авганистан се чини е успешна приказна на ОН. По средбата со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун сите учеснички на конференцијата за Авганистан во Њујорк, беа согласни - земјата се наоѓа на трновит, но исправен пат. Кабул доби ветување за понатамошна меѓународна поддршка,но генералниот секретар имаше и барање за Карзаи.

“Се надеваме дека авганистанската влада ќе продолжи да се фокусира на подобро владеење, на борбата против корупција, уништување на илегалното производство на опиум и трговија со дрога”.

Бан Ки Мун го организираше состанокот на шефовите на дипломатии од соседните авганистански земји и клучните НАТО членки, во настојување да се воспостави мир и стаблиност во земјата по повеќегодишниот конфликт.

Се бара поголем ангажман на ОН

На состанокот се слушна “барања ОН да имаат поголема улога во Авганистан”

“И досега добивме многу, многу земји загубија синови и ќерки во Авганистан. Благодарни сме за тоа и ги поддржуваме напорите да се донесат повеќе трупи и финансиска помош во земјата”, рече Карзаи.

Сепак генаралниот сектерар Мун нагласи дека зголемувањето на ангажманот на ОН во Авганистан зависи од безбедносната ситуација на теренот. “Потребен е разумен степен на слобода на движење и безбедност”, рече Мун.

Авганистан не е Ирак

Запрашан дали по последниот развој на настаните Авганистан е на пат да стане нов Ирак, специјалниот пратеник на ОН во земјата, Том Конингс демантира:

“Ова е сосема друга држава и мисијата на меѓународната заедница овде е со одлука на СБ. Тоа е мултилатерална мисија , која ја побара авганистанската влада. Овде луѓето се уште стравуваат да не им се повтори сценариото од 1989 година кога ги напушти меѓународната заедница”.

Авганистанскиот министер за надворешни Дадфар Шпанта предупреди:

“Секаква порака за терористите дека Меѓународната заедница не е подготвена успешно да го реализира проектот Авганистан е многу опасна”.

Добрата вест е дека вакво нешто не произлезе од средбата од Њујорк.