1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Како полесно до германска пензија

Со помош на совети и помош од експерти од германскиот и македонскиот Фонд за ПИОМ, веќе втора година во Скопје многу македонски работници кои работеле во Германија полесно го остварија правото на пензија.

Договорот на македонскиот Фонд за ПИОМ и германскиот фонд за пензиско осигурување е влезен во сила од 1. јануари 2005. година.

„Благодарение на взаемната успешна соработка, а во согласност со овој договор меѓу Фондовите на двете земји, во изминатите седум години околу 13 илјади македонски граѓани го оствариле правото на германска пензија. Најголем дел, дури 90% се македонски државјани кои пензијата ја примаат во Република Македонија, а останатите 10% ја примаат во странство‘‘, информира за Дојче веле Нигар Тоска од ПИОМ.

Многу македонски граѓани уредно стоејќи во ред пред Граѓанскиот Информативен центар во Скопје деновиве чекаа да бидат повикани на разговор од германските и македонски експерти на двата Фонда за пензиско осигурување. Када Сабљаковиќ, советник за пензиско осигурување од Германскиот фонд, им појаснуваше што се е потребно да го остварат ова свое право од работа.

„Условите се осигурениците да имаат најмалку 5 години работен стаж во Германија и да имаат најмалку 65 години. Можат да одат во пензија и со 63 години, но само ако имаат 35 години работен стаж вкупно во Германија и Македонија, а условите се

Warnschild Verkehr Vorsicht Altersheim

Условите се осигурениците да имаат најмалку 5 години работен стаж во Германија и да имаат најмалку 65 години

исти и за жените и за мажите‘‘. Ја прашуваме кои се најчестите прашања на македонските работници, Сабљаковиќ информира:

„Тоа се воглавно три прашања: кога можат да го остварат правото на пензија; дали им е впишан германскиот стаж; и дали ако немаат 5 години работен стаж, може да им се исплати еден дел од уплатениот стаж“.

Најчест проблем на македонските работници е немањето документи

Нејзината колешка Билјана Цапиќ, исто така советник во Германскиот пензиски фонд, ни појаснува.

„Најчест проблем на македонските работници кои работеле во Германија воглавно во 70. и 80. години на минатиот век е работниот стаж што не им е заведен. Тие работеле, ама немаат доказ, документ, бидејќи го изгубиле. Сите апликанти за пензија потполнуваат изјава на македонски и германски јазик, кога и каде работеле и во кои години. Врз таа основа, Фондот за пензиско во Германија се обраќа кај работодавецот, онаму каде што работеле. Се трудиме на сите да им помогнеме. Но тоа е многу тежок и долг процес. Постапката за добивање

германска пензија оди многу брзо за оние македонски работници што кај себе чуваат документ со запишан стаж“, потенцира Цапиќ.

Најголем дел од македонските работници најчесто во Германија работеле седум -осум години или нешто повеќе, па се вратиле назад и продолжиле со работа во Македонија. Некои оствариле македонска пензија, некои инвалидска, но бараат и германска. Стојко Јаневски од Кратово кој сега живее во Скопје е еден од стотината кои чекаа совет за тоа како да остварат право на германска пензија. Тој во Германија работел од 1970. до 1976. година, како и повеќето, организирано преку Бирото за вработување. Се вратил и продолжил со работа во Македонија. Потоа го остварил правото на инвалидска пензија во Македонија. Беше дојден да се посоветува со надеж дека има право да оствари и право на германска пензија. Таа надеж ја имаа уште многу македонски работници кои својата младост ја оставиле во Германија работејќи како ценети и вредни работници, најчесто во градежништвото, во фабрики, хотели, ресторани и други дејности.