1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Како натаму по апсењето на Нкунда

Лорен Нкунда и неговите бунтовици со години важат за сојузници на Руанда во Источен Конго. ОН веќе ја обвинија армијата на Руанда дека го поддржува генералот на бунтовниците. Но, сега токму тие го уапсија.

default

Лорен Нкунда

Лорен Нкунда со години важи како човек на Руанда во Источен Конго. Вооружувањето и финансиската поддршка за бунтовничкиот генерал, пристигнува од малата соседна земја. Меѓутоа, Нкунда вчера(22.01.2009) беше уапсен и тоа токму од оние кои досега го поддржуваа. Портпаролот на мисијата на ОН во Конго, Жан Пол Дитрих изјави дека според неговите информации, Нкунда бил уапсен синоќа во градот Бунагана, на границата меѓу Источен Конго и Руанда, околу 95 километри северно од Гома. Според неговите информации тој бил уапсен од страна на руандски војници. Очевидци во регионот за радиото „АРД“ изјавија дека слушале престрелки во Бунагана. Кратко претходно припадниците на армиите на Конго и Руанда, кои од пред неколку денови се активни против бунтовниците во Источен Конго, го повикаа Нкунда да се предаде. Нкунда избегал, но кратко потоа бил уапсен преку границата на територија на Руанда.

Прв успех на заедничката мисија

Министерот за одбрана на Конго утринава им понуди можност на бунтовниците на Нкунда да и се приклучат на владината армија. Апсењето на Нкунда е првиот успех на заедничката мисија на Руанда и Конго, во која учествуваат три ипол илјади руандски војници.

Zusätzliche Kongo Truppen möglich

Припадник на армијата на Конго

Лидерите на двете трупи ги обвинија милтантните Хуту екстремисти за геноцидот во Руанда. Сега е уапсен генералот од народот Тутси, Нкунда, кој во име на жртвите од геноцидот, ширеше страв и терор во Источен Конго.

Дали апсењето на Нкунда ќе донесе мир?

Портпаролот на ОН, Дитрих, сепак е скептичен дека апсењето на Нкунда е доволно за мир во кризниот регион: „ Не можеме да кажеме дека Нкунда никогаш не се изјаснувал за мир. За тоа тој има свој начин. Сега треба да чекаме и да видиме кој е следниот и да се надеваме дека ќе бидат исполнети ветувањата на високите претставници на бунтовниците дека оружјето ќе биде положено. Дури тогаш можеме да се надеваме на одржлив мир“, смета Дитрих. Сеуште е непознато каде се наоѓа Нкунда. Сега тој може да биде повикан на одговорност за сторените дела. Меѓународниот суд во Ден Хаг го бара поради повеќе случаи на повреда на човековите права.