1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Како насликан

Грајфсвалд се наоѓа на североисточниот германски брег, под островот Риген. Познат е по историскиот центар на градот, рибарското село Вик и по еден од најпознатите германски сликари.

default

Центарот на Грајфсвалд

Тука е роден Каспар Давид Фридрих во 1774 год. Поради овој уметник бројни мотиви од Грајфсвалд станале познати ширум светот, како на пример руините на манастирот Елдена. Долг период манастирот се користел како каменолом. Фридрих со своите дела го насочил вниманието на прускиот крал Фридрих Вилхелм IV кон руините и тој во 1827 год. го забранил натамошното уништување. Оној кој денес ќе го посети Грајфсвалд, може да види голем број мотиви од Каспар Давид Фридрих.

Период од готиката кога се градело со тула

Во средновековието, кога пристанишните градови на Северното и Балтичкото Море блескале во полн

Wiecker Brücke

Еден од знаците на распознавање на Грајфсвалд во Вик е мостот што се расклопува, Клапбрике

сјај, кога цутела трговијата, а постоела можност за зголемување на влијанието на Ханзеатскиот сојуз, настанал архитектонскиот стил кој денес се нарекува „бакштајнготик“. Тула по тула, се извишувале цркви и патрициски куќи, деловни згради и складишта, кои се барокни и раскошни, а со тоа и многу претставителни. Со таквиот начин на градба, требало да се манифестира сопствената големина.

И Грајфсвалд се вбројувал во најбогатите ханзеатски, односно пристанишни градови. Денес, со својата раскошно реставрирана слика, градот се` уште раскажува за тоа време. Но, тука може и поинаку да патувате во минатото, имено со краток излет во рибарското селце Вик. Овдешниот живот на некои рибари од Балтичкото Море само малку се разликува од оној на нивните баби и дедовци.