1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Како може Балканот да се справи со недостигот од струја?

За изборот на стратегија за решавање на проблемот во Скопје дискутираа претседателите на стопанските комори на неколку балкански земји

default

Собрани во Скопје да дебатираат за регионалната економија,не можеа да ја заобиколат енергетската криза што го снајде Балканот.

Претседателите на стопанските комори на Албанија,Бугарија,Романија,Грција ја пренесоа загриженоста на бизнисмените што ги претставуваат дека недостигот од струја може да ја погоди вкупната економија во нивните земји.Македонија се соочува со опасност да не го постигне планираниот економски раст во 2007 година поради затворањето на големите македосни фабрики кои ќе останат без струја.Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азевски вели дека рестрикцијата во компаниите ќе ги погоди и граѓаните:

„Суштината на целата работа е дека ние ако зборуваме за некаков економски развој,мора да се поставиме да бидеме во сите сегменти на неговата функција и да дадеме приоритет,зашто ако тие работат,ние ќе имаме поголем стандард и ќе живееме подобро.Ако ги затвориме сите компании,тогаш нема да имаме ништо,а тоа е прашање во кое ние како асоцијација на економски комори на Балканот многу можеме да помогнеме во оваа енергетска криза.“

Недостигот на електрична енергија не е само македонски проблем,струја нема во целиот регион,па македонските фабрики нема од каде да ја купат.

„Тоа е глобално прашање,не е поврзано само со кризата на Балканот,туку и со енергијата што доаѓа од Русија“,вели Божидар Божинов,шеф на бугарската стопанска комора.

Секоја зима Албанија се соочува со сериозни енергетски кризи,но увезува струја од соседите,како ќе се снајде годинава,кога струја немаат ни тие,Луан Брегаши од албанската стопанска комора вели дека владата бара решенија за да се истера зимата:

„Владата презема некои мерки,пред почетокот на зимата се обиодува да склучи договори со соседните земји за да се премости кризата колку што е тоа можно,енергетската криза е моментален пробле,но треба да се бараат долгорочни решенија,смета претставникот на грчките стопанственици Георг Касиматис:

„Ако имаме уште една нафтена криза,тоа дефинитивно ќе предизвика големи штети во европската индустрија.“

Минатата недела ниту надлежните министри од Југоисточна Европа не најдоа решение како регионот да се соочи со енергетската криза кога на конференција во Скопје беше формализирана Балканската енергетска заедница.Тоа значи либерализиран пазар,една правна рамка за сите енергетски субјекти од регионот.Европејците ги советуваа нивните балкански колеги дека либерализацијата ќе ги отвори вратите за нови странски инвеститори,со што ќе се намали недостигот на струја.