1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Како можеше да се случи сето ова?

По „црниот понеделник“ во американскиот банкарски свет, меѓународните финансиски пазари се пред нови турбуленции. Политичарите и претставниците на централните банки во светот прават напори да ги амортизираат стравувањата

default

Тоа беа времиња на вечери од две илјади долари. Само до минатата година на Волстрит се влеваа екстра награди во висина од 30 милијарди американски долари. Џон Теин, како нов шеф на инвестиционата банка, Мерил Линч, со плата од над 80 милиони долари, беше најдобро платениот менаџер во финансиската индустрија. Сепак, за само неколку месеци финансискиот систем претрпе крах: „Тој го загуби работното место во Мерил Линч пред 4 месеци“, раскажува еден екс-банкар, и додава: „Луѓето што носат одговорност ги потценуваат целосно ризиците и сега за тоа мора да плаќаат сите останати.“

Потребно е искуство, не само бистра глава Банките од оваа и онаа страна на Атлантикот „лапнаа“ брзи пари. Запечатување на долговите - тоа на целиот Волстрит беше славено како своевремено пронаоѓањето на тркалото. Долговите, како на пример хипотеки, беа од страна на инвестиционите банки поврзани и беа продавани во светот како хартии од вредност. Ваквите модели ги измислија математичари, статистичари, или како што на „црниот понеделник“ раскажа еден трговец, дури и нуклеарни научници. Значи, бистри глави, кои меѓутоа, немаат воопшто чувство или искуство на пазарот на акции.

Merrill Lynch John Thain

Џон Теин беше најплатениот менаџер во финансиската индустрија

Винтроп Смит, потомок на основачот на Мерил Линч, недостигот на искуство го смета како значаен фактор за денешната мизерија: „Во последните години трошоците на Мерил Линч екстремно натежнаа, се промени културата и беа отпуштени луѓе со долгогодишно искуство. И, Мерил еден ден беше целосно префорсирана.“

Зголемувањето на добивката, значеше и зголемување на ризикот Проблемот на инвестиционите банки се состои во тоа што тие самите, со нивните “чудесни продукти“ почнаа да шпекулираат и тоа во голем стил. Често во сооднос 1:30. Тоа значи, за еден долар што го инвестирале, банките позајмувале по 30 долари. Тоа ја зголемува добивката, но го зголемува и ризикот. Да, ризик - тоа во минатите години беше непознат збор на финансиските пазари. Алчноста конечно одигра решавачка улога. Често, дејствуваа мали оддели, а сега да плаќаат и да стравуваат за својата работа мораат сите.

Мередит Витни важи како аналитичар - ѕвезда на Волстрит. Таа минатата година беше една од малкутемина кои предупредуваа дека се можни тешки последици: „За кредитните пазари претстојат тешки недели. Во светската економија нема ликвидност, и тоа на целата земјина топка.“