1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Како младите да се „излечат“ од хулиганство?

Хулиганите не се новина во македонското општество, ги има насекаде во светот. Казни мора да има, но не по џебот на родителите, туку директно по сторителите, на кои им треба пренасочување, велат експертите.

Полициските извештаи на МВР не содржат децидно што се‘ направиле најчесто малолетните хулигани по јавните добра по градовите. Во нивните детални извештаи нема прецизирање на хулиганство врз општо јавни добра како споменици, клупи, детски игралишта, фонтани, автобуси и други јавни добра, но затоа има табела за секаков вид на малолетнички криминал. Надлежните од МВР за ДВ посочуваат дека „тука се наоѓа и овој вид на криминалитет или хулиганство кај младите, а кој минатата година бележи мало процентуално опаѓање од нецели 2 % или од 14,5 на 12,7%‘‘.

Но полициските статистички извештаи не се единствена потврда на постоењето на хулиганството кај младите во Македонија. Потврда за него пренесуваат и медиумите. Тие скоро секојдневно, детално со слики и фотографиии, информираат за секаков вид на хулиганство на дел од насилнички настроени млади луѓе кои уништуваат се‘ пред себе.

Bus Busse Skopje Mazedonien Öffentlicher Nahverkehr

Чести оштетувања и на автобусите на ГСП во Скопје од страна на млади хулигани

Јавните добра на удар на хулиганите

И од градот Скопје, од скопските општини, за ДВ велат дека просекот за оштетување нови објекти е најмногу до еден месец од нивното пуштање во употреба. „Пример за ова беше искршениот мермер на Фонтаната на победата на плоштадот ’Македонија’, која со месеци беше најфотографиран објект во Македонија. Искршени беа и скалилата на летниковецот на плоштадот ’Македонија’. Оштетени беа и стилизираните чешмички во Градскиот парк, новите автобуси на јавното сообраќајно претпријатие ’Скопје’, а и двогледот што беше поставен на Горниот видиковец на Водно. Дали секој нов споменик треба да има и по еден телохранител за да го обезбедува да не се искрши? Добар пример за ова е и зеленилото на кружниот тек на улицата ’Митрополит Теодосиј Гологанов‘, кое веќе неколку месеци не е оштетено, бидејќи има нон стоп, 24 часа обезбедување, а дали тоа значи дека секој споменик и јавно добро треба да има свој чувар‘‘ , велат надлежните во општините во земјава, кои мака мачат да ги заштитат јавните добро од страна на поедините хулигани.

На хулиганство во aвтобусите на ЈСП во Скопје се жали и директорот Мишо Николов:

„Има такви кои со ноже сечат по седиштата, а некои пишуваат со маркери. Во поновите автобуси имаме камери, па веднаш реагираат нашите контролори кои ја повикуваат полицијата. Тие често ни помагаат, а на хулиганите им се пишуваат казни и се отстрануваат од автобусите. Но тоа не е решение, затоа на овие млади кои скршнале од вистинскиот пат, треба едукативно да им се помогне од страна на родителите, наставниците, државата, а нивното слободно време и енергија да се насочи кон позитивна работа ‘‘, посочува Николов.

„Вандализмот најмногу се појавува кај младите, а мислам дека причината за тоа е вишокот енергија. Наместо да се посветат на убави работи, тие чкртаат и кршат, само колку да направат нешто, без никаква причина. Тоа се некои внатрешни пориви, кои мислам дека младите би ги имале во помала доза ако се занимаваат со попродуктивни работи. Најдобро е да спортуваат нешто, да имаат какво било хоби, на кое ќе можат да ја трошат негативната енергија‘‘, објаснува социологот Љубе Лучков.

Junge mit Kaputze

Младите позитивно да се пренасочат во општеството

Според проф д-р Виолета Чачева од Институтот за социолошко правни истражувања при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј‘‘ во Скопје: „Општеството треба да изгради политика и создавање поволни услови за развој на младата генерација, особено да биде афирмирана и потврдена младата личност како творец и чинител во општеството. Начинот на користење на слободното време исто така има големо влијание врз криминалното и насилничко поведение меѓу младите. Доколку тоа е исполнето со негативни содржини, како престој во кафулиња, консумирање алкохол, па во некои случаи и дрога, исто така на негативен начин влијае врз однесувањето на малолетниците и младите луѓе. Начинот на користење на слободното време има големо влијание врз криминалното и насилничко поведение меѓу дел од младите. Меѓу современите средства за комуникација како интернет и социјалните мрежи, треба да се врши построга рестрикција на содржините со кои младите доаѓаат во контакт и им се лесно пристапни. Оттука во училиштата треба да се настојува слободното време да биде исполнето со позитивни содржини, а посебно со спорт и спортски и други активности‘‘, посочува проф- д-р Чачева.