1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Како Македонија да се доближи до Германија

Не им е лесно на македонските писатели и поети да се пробијат до германските читатели. Решавачки се добриот превод и ангажманот на културната политика на земјата која е подобра од порано, но далеку од потребната.

default

Убаво на германски звучеа преводите на неколкумина македонски автори во Лајпциг

Македонската литература е малку позната во Германија. Споредено со Србија, Хрватска, Босна, мал е бројот на преведените дела. Не е во прашање само силната конкуренција, туку пред се’, како потврдуваат сите – добриот превод со кој германскиот читател ќе има шанси да се запознае со македонската книжевност која е богата, креативна и посебна. И како вели Антје Контиус, раководител на Фондацијата Фишер, која е дел од преведувачката и литературната мрежа Традуки - решавачко е да се создадат добри преведувачи. Ова е процес и треба да се има трпение.

„Имаме мала група од двајца-тројца преведувачи кои на македонската литература и‘ го даваат германскиот глас, кои не се врзуваат за преработките од поранешната југо - сцена и кои вистински сакаат да ја преведуваат македонската литература како своја и посебна. Би го истакнала

Leipzig Buchmesse Mazedonien

Има два-тројца преведувачи на германски кои го доловуваат македонскиот дух и атмосфера. Антје Контиус, од Фишер Фондацијата на Традуки

Бенјамин Лангер, кој е своевиден адвокат на македонската литература во Германија, кој е темелен и на германски неверојатно ги доловува македонската атмосфера и дух“, истакнува Контиус.

Потребна е поголема заинтересираност

Но, за добрите преводи, покрај време, потребни се и пари. Не само од Традуки и од заинтересираните издавачи, туку и од земјите од регионот:

„Не е доволно да се преведе една книга. Мора да се рекламира, да се организираат читања, многу да се

Leipzig Buchmesse Mazedonien

Издавачката куќа на Лојзе Визер од Австрија работи со македонските творци

разговара со претставниците на медиумите и да им се објасни во што е посебноста на македонската литература. Дека треба да се обрне внимание на овие автори зашто имаат свој сопствен раскажувачки ракопис кој се разликува од другите, од соседите“, кажува и Лојзе Визер, прв човек на истоимената издавачка куќа од Австрија, која стои зад романот „Ервехе“ на Луан Старова, зад книгата за архитектурата на Скопје, а ќе го печати и последното дело на Лилјана Пандева. Но, до сега, како кажува Визер, се’ е на нивна иницијатива. Затоа, смета тој, би имало смисла доколку македонската културна политика повеќе се ангажира и е подготвена да инвестира во ваквата работа. Со тоа ќе се направи многу не само за преводите и културата, туку и долгорочно ќе се успее преку

Leipzig Buchmesse Mazedonien

Подобро е од порано. Лина Музир од издавачот Хансер кој ќе го објави творештвото на Никола Маџиров

преведените дела регионот и неговата приказна да го доближат до овие луѓе тука. Тоа е една мировна политика.

Да не се заобиколи Лајпциг!

Визер има забелешки и на незаинтересираноста на македонската страна која се огледа и во тоа што не најде сили да се претстави на саемот на книгата во Лајпциг.

„Моментно не гледам партнер од македонската страна со кого би можело да се разговара“, е коментарот на Лојзе Визер, кон кого се приклучува и Контиус.

„Знам дека е тешко. Претстојат избори, има политички околности. Но, станува збор за крајниот ефект. За една мала сума. Секоја година Македонија со еден голем штанд се претставува на Саемот во Франкфурт. Ехото и прифатливоста оттаму се мали, зашто станува збор за огромен саем. Се

Leipzig Buchmesse Mazedonien

И во „Едицијата Балкан“ на издавачот „Дитрих“ има место за македонските творци, Каролина Кориц

вложуваат многу пари, а ги нема за презентација во Лајпциг, каде има вистинска реклама на авторите и земјата!“

Сепак нешто се прави!

Инаку, кога станува збор за преведувањето на македонските автори на германски, сигурно е дека во септември издавачката куќа „Хансер“ од Минхен, во едицијата „Лирски кабинет“ ќе го претстави Никола Маџиров. Лина Музур од Хансер вели дека многу е тешко македонските автори да го пробијат патот до германскиоит читател, но смета дека работите одат на подобро:

Се‘ повеќе слушам за интересни автори од Македонија, кои почесто се преведуваат на германски. Пред неколку години беше поинаку...Немаше никој. Мое чувство е дека сепак нешто се прави“.

И издавачката куќа „Дитрих“ од Берлин од минатата есен со „Едицијата Балкан“ вниманието го свртува на творците од регионот.

Македонија е во план! За жал се’ уште немаме ништо конкретно. Но, имајте не‘ во предвид, порача и Карлина Кориц, одговорна за „Едцицијата Балкан“ на издавачот „Дитрих“.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Жана Ацеска