1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Како Лејди Гага го зголемува американскиот БДП

Звучи како чудо - американската економија овој месец пораснала за околу три проценти. Тоа е така затоа што т.н. Бруто домашен производ (БДП) отсега се пресметува поинаку отколку што тоа се правеше досега.

Американската поп-ѕвезда Лејди Гага има продадено ширум светот околу 90 милиони носачи на звук. Со тоа таа направи значаен придонес во бруто домашниот производ на САД. Исто така и продажбата на маиците со ликот на Лејди Гага или картите за нејзините концерти придонесуваат за економскиот раст. Во иднина и песните кои потешко се продаваат ќе придонесуваат за растот на БДП. Со тоа што Лејди Гага со часови ќе размислува за новите песни во студио ќе значи дека во иднина таа со тоа ќе го зголеми економскиот раст на САД.

Овој „процес на додадена вредност“ во иднина во САД ќе се смета како инвестиција, која ќе влезе во БДП, како и сите други инвестиции.

Kim Schoeholz Ökonom Uni New York

Ким Шенхолц, екомост на Универзитетот во Њујорк

„Целата област истражување и развој досега се оценуваше како полупроизвод или полуфабрикат. Како некое добро, кое се користи за време на производството, како што е на пример енергијата“, вели во разговорот со Дојче веле Ким Шенхолц, екомост во Универзитетот во Њујорк.

Ако некоја фирма купува енергија за со неа нешто да произведува, тогаш тоа купување не влегува во БДП, туку конечниот производ. Затоа што тоа би било двојно пресметување. „Но, со овој пристап, кој истражувањето и развојот го смета за полупроизвод, не го зема во предвид фактот дека науката е капитал“, смета Шенхолц.

Ако меѓународно се споредува, тогаш тоа е како јаболко и банана

Бирото за економски анализи, кое е задолжено за пресметките во Вашингтон, одсега на уметноста и „креативните дела“ ќе гледа како на „нематеријален имот“. Ова исто така се однесува и на книгите и филмовите, како и на областа истражување и развој. Ако до сега во БДП како краен производ влегуваше само готовиот Ајпед, во иднина во БДП ќе се пресметува целиот процес на развој на таблетот.

Ревизијата на пресметувањето на БДП во САД одговара на системот на национални пресметки, кој е договорен од страна на ОН, Европската комисија и ММФ во 2008 година.

Symbolbild Fruchtzucker Fructose

Од август годинава споредувањето на БДП на државите ќе биде како споредување на различни овошја

„Овие стандарди мораат сите вклучени земји да ги применат до 2014 година“, вели Шенхолц. САД се први кои почнуваат да ги применуваат новите правила. Германија тоа ќе го стори во септември 2014 година. Ако некој сака од август годинава да ги споредува меѓународно БДП на земјите, тогаш тоа би било како споредба на јаболки и банани. БДП во Ново Мексико ќе порасне за околу 10 проценти, бидејќи таму има многу истражувачки центри од воената индустрија, а оној на Луизијана само 0,6 проценти.

Што ќе промени новото пресметување на БДП? Шенхолц очекува дека нацијата одредено време ќе се занимава со новото пресметување, бидејќи со него долговите во однос на БДП ќе станат помали, како и државните расходи. Засега не се знае како новата пресметка ќе влијае на стапката на инфлација. Дали новиот БДП ќе доведе до отворање на нови работни места? Одговорот е не, а тоа нема ни автоматски да ги зголеми платите.

БДП е најважното мерило за економската состојба на некоја земја и им служи на политичарите, инвеститорите и банките како инструмент во креирањето на економските стратегии.