1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Како Куба сака да се спаси од банкрот?

Кубанските комунисти сакаат со приватно стопанство да го јакнат социјализмот. На конгресот на комунистите, одржан пред две недели, се усвоени „Насоки за економската и социјалната политика на партијата и на револуцијата“.

IMAGE: Cubans in front of snack bar (Private Snack Bar) DATE: April 1, 2011 LOCATION: Havana, Cuba DESCRIPTION: Cubans are opening small businesses throughout Havana Photo Credit: © 2011 Reese Erlich ***I am licensing Radio DW’s webpage to use my photos in connection with my online story about the Cuban economy. Should Radio DW wish to license the photos for any other purpose, please contact me in advance for written permission.*** Contact email address for photographer: rerlich@pacbell.net

Kuba Private Snack Bar

„Одамна е факт дека кубанскиот модел не функционира, а сега тоа го призна и политичкото раководство во земјата. За жал таму никој не наведува алтернативи или барем корекции на сопствениот модел“ - вака данскиот весник „Информацион“ ги коментира заклучоците од конгресот на кубанските комунисти, кои сакаат да ја реформираат економијата, но притоа сакаат земјата да остане верна на социјализмот.

Според претседателот Раул Кастро, на Куба и‘ се потребни пет години за реформи на економијата, но тој не наведува како тоа точно треба да се направи. Од октомври минатата година, Кубанците смеат да имаат самостоен бизнис во голем дел од услужните дејности и други професии, а смеат дури и да вработуваат и други лица. На улиците на Хавана ваквата промена е веќе видлива - отворени се продавници, фризерски салони, приватни ресторани... Селаните ги продаваат своите производи на малите пазари или едноставно на аглите од улиците, каде се продаваат и производи за домаќинство и цедеа. Треба да се реформира и државниот сектор со големите претпријатија. До 2015 година треба да бидат отпуштени 1,8 милиони од вкупно 5 милиони вработени и тие треба да најдат свое место во приватниот сектор. Претпријатијата би требало да добијат поголема автономија, да ги имаат предвид тенденциите на пазарот, да останат социјалистички, но и да бидат атрактивни за странски инвестиции.

„Владата донесе одлука да даде дозвола поголем број работници да можат да станат самостојни. Ќе бидат издавани нови лиценци, а дел од браншите ќе се комерцијализираат“, најави Кастро уште во текот на летото, минатата година.

Улични продавачи на секој агол

Улични продавачи на секој агол

Премалку и предоцна?

Сепак, пречките пред кои што се исправени новите мали фирми се огромни. Државата „цеди“ 25 проценти од приходот за социјално осигурување и дури до 50% за данок. Нема претприемачки кредити, нема пазар за снабдување со резервни материјали. Сето тоа, според експертите, е само доказ повеќе дека планираните реформи се непрецизни и недоволни за спас на стопанството и за избегнување банкрот на државата. „Премалку, преколебливо, предоцна“, констатира поранешниот кубански функционер во централната банка, а сега независен економски експерт, Оскар Еспиноза. Промени во Куба се неопходни, зашто економијата е во катастрофална состојба. Увозот е трипати поголем од извозот, а државата има долгови од 20 милијарди американски долари.

Автор: ЕМФ/ ЖА/ дпа/ епд/ дв

Редактор: Александра Трајковска