1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Како косовската незавинсот е дочекана во Македонија?

Откако беше прогласена независност на Косово, Албаниците во Скопје и други градови во Македонија, го прославија решението.

default

Независноста на Косово, албанско знаме

Со албанска музика, развиорени црвени знамиња со двоглав орел и рафели од автоматски пушки, Албанците во Македонија ја прославуваа косовската независност. Стотици граѓани вчера (17.02.08) откако во Приштина беше објавена Декларацијата за независнот се собраа пред споменикот на Скендер бег во Скопје. И покрај апелите да се слави достоинствено и бројните полициски сили, калашниковите не мируваа. Еуфоријата кулминираше кога претседателот на опозициската ДУИ, Али Ахмети ја повика македонската влада, да го признае Косово. „Почитувани браќа и сестри, нема поголем ден од денешниот. Денека се наградуваме, денеска победуваме како што победи УЧК. Нема поголема радост за нас кога гледаме дека сите жртви со векови, што ги направија Албанците сега се материјализираат. По овој повод ги поздравуваме САД, денеска Албанците ги добија своите права што им прирпаѓаат.“ рече Ахмети Организирани масовни прслави имаше и во Тетово и во Гостивар, каде што на видео бим на централните плоштади се следеа настаните во Приштина. Македонската влада соопшти дека внимателно, среиозно и претпазливо го следи развојот на настаните во регионот. При носењето на какви било одлуки ќе се води од интересот на граѓаните и од државните интереси на Македонија.