1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Како изгледа типичниот Германец?

Колку и да се обидуваат, Германците не можат да отстранат некои клишеа, како нивната работливост, точност, немањето смисла за хумор. Прашање е само колку од тие особености навистина важат за секој Германец?

default

Во странство се нарекувани дежурни мрморковци, дрвени глави, сезнајковци, или едноставно - шваби. Но, изгледа дека Германците најмногу се нарекуваат еснафи. И навистина во секој од нив се крие некаков еснаф, ако може да и‘ се верува на книгата „Се‘ што човек треба да знае за Германците“. Оваа куриозитетна колекција од цифри и табели ги потврдува сите клишеа, кои Германците со задоволство ги поддржуваат.

23 илјади зборови дневно, 34 илјади евра на божиќни подароци

И тоа е тој – просечниот Германец: не верува на летачки чинии, пуши околу четири цигари на ден, телефонира на

Deutsche Fußball Fan Familie

Германките зборуваат повеќе од Германците

мајка си еднаш во неделата и смета дека неверството е в ред, ако се работи за одмазда. Германците со задоволство би имале повеќе од два пати неделно секс и како што велат, на драго срце би се откажале од летото.

Типичниот Германец се вика Томас или Михаел, има темно-руса коса, висок е 178 сантиметри и кажува од 4-12 зборови дневно, за разлика од типичната Германка која дневно изговара 23.000 зборови. Таа во просек е тешка 67,5 килограми, во просек има 1,34 деца и вози сребрен Фолксваген голф. На предното огледало во автомобилот, најчесто виси дрвце со мирис на ванила. Секој Германец најмногу се нервира на кулинарските емисии, во животот троши околу 1 милион евра, од кои дури 34.000 на божќни подароци.

Секој да си процени која особина важи за него

BdT 22.07.08 Bierglas fürs Oktoberfest 2008

Тоа што за едни е здодевно, за други е вистинска забава

„По 100 години таквите информации со сигурност нема да фигурираат во учебниците по историја“, вели Анте Штајнхаузер, кој е еден од тројцата автори. Во приницип, секој би требало да си донесе сопствени заклучоци. Во суштина, како што вели Анте Штајнхаузер, во прв ред авторите сакале да избегнат проценки за тоа дали карактерната црта е помалку, или повеќе типична за Германците. Тоа што за едните е ужасно здодевно, за некои други е вистинска забава. А и секој би требало сам да процени дали некоја особина важи за него самиот или не.

Автор: АА/ ЕМФ/дв