1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Како изгледал нормалниот живот зад Железната завеса?

Ретки се западните Германци кои знаат нешто повеќе за Германската Демократска Република пред падот на Берлинскиот ѕид, освен дека била безмислосна диктатура. Во Дрезден деновиве, изложба за секојдневието во ГДР.

default

Пред 20 години падна Берлинскиот ѕид, и со него една држава која брутално ги кршеше човековите права. Тајната служба Штази, шпиунираше се’ и секого. Оној кој се бунтуваше против диктатурата беше уништуван. Тоа беше едната страна на Германската Демократска Република.

Секојдневието на Истокот, не било многу поинакво отколку на Западот

Wiedervereinigung p178

„Трабантот“ е симбол за животот во ГДР

Другата страна пак беше нормалниот живот, со семејството, пријателите, образованието, работата- впрочем секојдневието. Како се живеело во ГДР? Тоа во музејот во Дрезден сака да го дознае и да го доживее Габриеле Шерл од Баварија. И таа не може да им верува на своите очи. Имено секојдневието на Истокот, не било многу поинакво отколку на Западот. „Мене постојано ми доаѓа на памет само политичкото и ограничувањето на слободата на мислењето и незаконското затворање на луѓето. Ова меѓутоа за мене е извонредно, еден таков живот, тоа воопшто не ме шокира толку многу.“

Секојдневие и во оригинално наместена продавница како во времето на ГДР. За Габриеле Шерл тоа се непознати производи, а за посетителите кои некогаш живееле во Источна Германија тоа е патување во минатото.

Западните Германци знаеле само половина вистина

Galerie Karneval DDR 1988

И источните Германци си дозволувале прославување на традиционалните карневали

Раководителот на музејот Ханс Јоаким Штефан за првпат бил на Исток. Денес тој им го објаснува секојдневниот живот во ГДР пред се’ на посетителите од Западна Германија: „Само ретки имаа увид во она што се случува зад оваа ограда, зад оваа ’железна завеса’, само ретки знаеја за влијанијата за посебностите на општеството и јас сакам тоа да го зачувам и да го проследам ставот дека иако ГДР во нивниот идеолошки систем со право е означена како неправедна држава, како диктатура, сепак тоа е само половина вистина. Личните животни остварувања на луѓето истотака се дел од тоа.“ На крајот Габриеле Шерл купува неколу сувенири. Имено некои производи од ГДР се произведуваат до денес. Слатки спомени од патувањето низ времето на Германската Демократска Република.

Автор: Линда Фиереке/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска