1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Како живеат муслиманите во Србија?

Празникот Рамазан Бајрам деновиве се прославува и во Србија и Белград. Еден од најголемите муслимански празници е повод да побараме одговор на прашањето: Како денес живеат муслиманите во Србија?

Во старата Бајракли џамија верниците не доаѓаат само на редовните молитви, туку на пример и на традиционалната бајрамска софра. За тоа дали муслиманите во Србија се соочуваат со проблеми практицирајќи ја својата вера, српскиот муфтија Мухамед Јусуфспахиќ за ДВ вели: „Единствено можеме да имаме проблеми со сами себе, оној момент кога ќе се издадеме себе си или ќе се заборавиме, секој може да ни прави сешто, така што не гледам вина за какви било недостатоци некаде на друго место освен во нас самите“, вели Јусуфспахиќ.

Тој нагласува дека внатрешната слобода е она што е клучно за секој поединец, но сепак и потсетува дека Бајракли џамијата е сопственост на Република Србија, а „корисник“ е градот Белград. „Џамијата сѐ уште не ѝ е вратена на Исламската заедница, барем да биде корисник. Барем во номенклатурата да се спомнува Исламската заедница. Ние тоа фактички го користиме, но никаде не нема во документите“, објаснува српскиот муфтија Јусуфспахиќ.

Muslime in Serbien

Муфтијата Мухамед Јусуфспахиќ

Тој верува дека овој проблем нема поврзаност со односите на малцинството муслимани и мноизнството православци, туку со „рецидиви на стандардите“ на поранешаната атеистичка земја во која како што вели, верата и секој поединец како верник биле обесправени. 

Според официјалните податоци во Белград има околу 20.000 муслимани, но Јусуфспахиќ тврди дека има и до десет пати повеќе. „Има многу причини за таквите тенденции на смалување. Постои внатрешна блокада каде некој кој е овој или оној национално не кажува дека е муслиман, што имаше право на претходните пописи. Има и отпор, бидејќи тие велат - што им е на другите грижа дали сум верник, тоа е моја интимна работа“.

Јусуфспахиќ не мисли дека муслиманите во Србија на кој било начин сериозно се изложени на дискриминација.

„Секогаш станува збор за поединечни случаи на дискриминација, во поглед на исхраната, во поглед на верска слобода на работното место, во поглед на вработувањето. Не би можел да кажам дека е тоа нешто што е организирано, но навистина луѓето имаат проблеми. Има многу отпуштени меѓу муслиманите, но исто така и меѓу оние кои не се муслимани. Па нека каже некој дека тоа е поради ова, а не поради некаква рецесија“, оценува Јусуфспахиќ. 

Блага пресуда - страшна порака

Belgrader Moschee nach Unruhen zerstört

Немирите кога беше запалена џамијата (март 2004)

Со ваквиот благ став за положбата на муслиманите во Србија не се согласува извршната директорка на Хелсиншкиот одбор за човекови права Изабела Кисиќ. „И покрај тоа што имаме два бошњачки министри, тие не се застапени во институциите пред сѐ на национално ниво, на некоја повисока позиција во институциите. Секако е многу проблематичен односот на Србија кон Босна и Херцеговина, што се прекршува на положбата на Бошњаците во Србија. Практично се негира единството на Босна и Херцеговина, што ги загрижува овдешните Бошњаци“, нагласува Кисиќ.

Во Белград неодамна беше изречена пресуда за палењето на Бајракли џамијата во 2004 година, кога до темел изгоре библиотеката со повеќе од 7.000 книги. Основниот суд тројца обвинети ги осуди на по четири месеци затвор за учество во немири, но не и за самото палење на џамијата. Останатите петмина обвинети се ослободени.

„Благо е да се каже дека пресудата е блага. Виновниците не ја добија заслужената казна и тоа е страшна порака за во иднина, дека токму такви инциденти или криминални акти остануваат неказнети, а тоа се акти кои очигледно се базираат на национална омраза“, вели Изабела Кисиќ.

Големи проблеми нема

Бајракли џамијата ја обезбедуваат неколкумина полицајци, а верниците мирно доаѓаат на своите редовни молитиви. Сите со кои ДВ разговараше истакнуваат дека во практицирањето на својата вера не наидуваат на проблеми.

„Точно е, малцинска религија е, но сосема сме слободни. Иако, гледате, тука е полицијата. Откога џамијата беше запалена во 2004 година доаѓа полиција. Од тогаш нема проблеми. Државата треба да одлучи дали некој објект треба да се заштити, тоа е во нивна надлежност“, вели еден верник. По 2004 година инциденти во Балјракли џамијата немаше. Џамијата е обновена, а во зградата крај неа почнуваат подговотките за работа на Факултетот за исламски науки.