1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Како е да си Бугарин во Македонија

Во Македонија официјално, според последниот попис, живеат околу 1.600 декларирани Бугари. Оваа бројка во најмала рака е нереална, ако се има во предвид фактот дека педесетина илјади граѓани поседуваат бугарски пасош.

default

Не се знае точниот број на Бугарите во Македонија

Владимир Перев е новинар, пензионер од Скопје кој долги години се занимава со бугарското прашање во Македонија. За себе вели дека е меѓу првите Македонци кои го добиле бугарскиот пасош, фронтмен за разрешување на бугарското прашање во Македонија. И покрај фактот што веќе дваесет години живее со двојно државјанство, Перев е незадоволен од третманот кој го ужива во Македонија како деклариран македонски Бугарин:

„Денеска во Македонија најсрамното нешто е да кажеш дека си Бугарин. Бугарин во Македонија значи човек ставен на прогон, контролиран од службата за државна безбедност, човек кој веднаш кај другите создава сомнеж дека работи нешто против државата Македонија и македонската нација.“, вели Перев.

Во Македонија официјално според последниот попис живеат околу 1.600 декларирани Бугари. Оваа бројка во најмала рака е нереална, ако се има во предвид фактот дека педесетина илјади граѓани поседуваат бугарски пасош, а според некои информации уште најмалку толкав број се во процедура и чекаат официјална Софија да им го издаде овој документ. И покрај ваквата состојба во Македонија освен едно здружение или клуб, македонските Бугари немаат регистрирано политичка партија, ниту пак имаа телевизија која емитува програма на бугарски јазик. Основниот проблем според Перев е недостатокот на демократија кон Бугарите во земјата:

„ Постои страв кај луѓето да членуваат во бугарски здруженија, државата нема никаков интерес да одобри формирање на бугарски здруженија. Ако на државата и‘ одговарало да формира три албански партии, две српски партии, иако Србите според пописот ги има 40 илјади, тогаш педесетте илјади Македонци со бугарски пасош и сто илјади кои чекаат на него не можат да формираат бугарска партија зашто тоа не го сака власта. Бидејки, бугарската партија ќе се повика на бугарските традиции на овој народ. Не сме ние македонските Бугари минатото со кое треба да се расчисти, ние сме традицијата. Тешкото минато со кое треба да се расчисти е комунистичкото минато. Ако со тоа Македонија расчисти и престане да гледа кон Белград, тогаш поинаку ќе се развивааат состојбите во државата“, вели Перев.

Бугарите како непријатели на државата

Со сличен став е и Виктор Канзуров, кој вели дека уште како дете расчистил со етничката припадност. Според овој, исто така новинар по професија, луѓето што се чувствуваат како Бугари според етничката припадност државата ги смета како непријатели, освен оние кои се по потекло од република Бугарија. Канзуров смета дека Македонија нема демократски капацитет да прифати различно мислење во однос на клучните критериуми како таа си го замислува сопствениот идентитет:

Mazedonien - Land und Leute

„Државата, медиумите и сите видови власти во Република Македонија и сите други елементи на моќ ни го оспоруваат македонството, односно бугарштината ја есапат само како антипод на македонството. Се` уште меѓу бугарската заедница и државните органи на РМ и во тој контекст и луѓето кои не се согласуваат со нашите историски ставови има еден разговор на глуви односно нема елементи за нормален човечки дијалог кој вклучува некакви демократски компоненти“.

Врв на незадоволство кај македонските Бугари според Канзуров претставува континуираното фалсификување на историјата во Македонија по великосрпски терк, кое доживеало кулминација со актуелната влада на, како што вели, таканареченото ВМРО-ДПМНЕ, но и некоректната улога на самата бугарска држава:

„ Таа не покажува никакви знаци на заинтересираност за решавање на овие проблеми со фалсификувањето на историјата, односно го прави тоа парадно од повод во повод за внатрешно бугарски маркетиншки цели, ниту пак покажува интерес за правата на населението кое се чувствува бугарско според етничка припадност. Поголем доказ за тоа нема од шарлатанското однесување на министерот за бугари во дијаспора, Божидар Димитров“.

Во прилог на дискриминацијата на Бугарите во Македонија, двајцата соговорници посочуваат на неколкуте неуспешни обиди за регистрација на здружението „Радко“, кое со одлука на Уставниот суд е забрането. Со сличен проблем се соочени и Македонците во Бугарија кои од властите во Софија немаат дозвола за регистрација на „ОМО Илинден Пирин“ како политичка партија.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Жана Ацеска