1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Како евтината Дачија случајно ја освои Европа

Автомобилот кој не беше ни произведен за тој пазар, е сега најбрзо растечкиот автомобилски бренд по продажба во Европската унија.Успехот на Дачија е тема и на Саемот на автомобили во Франкфурт, кој започна синоќа (12.09)

Дачија, компанијата ќерка на францускиот концерн Рено, продава евтини автомобили. Навистина евтини, во некои случаи дури до 50% поевтини од ривалските модели.

На европскиот пазар кој е погоден од рецесија, Дачија му пркоси на падот на продажбата. Во првата половина од годинава, компанијата продала 141.278 патнички автомобили во ЕУ, 17,6%, повеќе отколку што има продадено во истиот период минатата година.

Тоа е големо зголемување на продажбата, импресивен резултат, ако се има предвид дека според Европската асоцијација на автомобилски производители, пазарот на автомобили во тој период забележал пад од 6,6%.

Никој не сака да произведува евтини автомобили

Успехот на Дачија не е поврзан само со падот на пазарот, кој во моментов е најголем во Европа во последните неколку децении. Аналитичарите велат дека компанијата била успешна дури и пред кризата, поради фактот што таа нема конкуренција. „Историски погледнато, никој не сака да произведува евтини автомобили“, вели Карлос да Силва од ИХС Аутомотив.

„Интелектуално и културолошки никој не е подготвен да го прави тоа“, затоа што културата на автомобилските компании е водена од инженери, а инженерите сакаат постојано да иновираат. Правењето евтини автомобили бара еден поинаков начин на размислување.

Рено ја презеде Дачија во 1990-тите со намера да прави автомобили за централна и источна Европа. Целта беше да се конструира подобра Лада, која тогаш доминираше на пазарот во Источниот блок.

AMI 2010 Eindrücke

Од каприц, Дачиите беа тестирани и во Западна Европа и почнаа добро да се продаваат. Дачија сѐ уште е многу мала и претставува само 2,5% од европскиот пазар, но Да Силва вели дека Дачија ја спасува својата компанија-мајка Рено. Дачија се потпира на делови од Рено и во места како што се Бразил, Аргентина и Русија, компанијата ги продава своите автомобили под брендот на Рено.

Дачија го спасува Рено

Во истиот период од јануари-јуни период, во кој на Дачија и‘ одеше добро, Рено имаше пад на продажбата од 10,4 проценти. Заработката на Рено во првата половина од годинава изнесуваше само 39 милиони евра, а нивниот оддел за производство на автомобили загуби пари минатата година.

„Дачија веќе ја спаси компанијата, јас така мислам“,вели Да Силва.

На Франкфуртскиот автомобилски саем, Дачија го претставува редизајнираниот модел на нејзиното теренско возило „Дастер“ кој е наменет за растечката средна класа на пазарите во подем.

Почетната продажна цена на „Дастер“ е 10.490 евра, споредено со тоа теренското бозило „Колеос“ на Рено има почетна цена од 28.490 евра.

Арно Дебуф, директор на програмата за евтини автомобили при Рено, вели дека не е тешко технички да се направат автомобилите. Тешкиот дел е деловите да се направат што е можно поевтино.

На пример, компанијата мораше да реши да не се обиде да го добие Европскиот безбедносен стандард од пет ѕвездички. Тој вели: „Кога ќе ја зголемиме цената на таблата со инструменти за, да речеме, пет до десет евра, тогаш мораме да најдеме пет до десет евра минус некаде. Го поминувам целиот ден мислејќи која е цената на ова“.

Ништо не ги спречува автомобилските производители да влезат на овој пазар, Фолксваген веќе се обидува да се пробие, а Тојота и Хјундаи се веќе до одреден оддел тука. Дебуф вели дека внимава на овие компании, но не е загрижен од овие прозиводители, туку од пазарот на користени автомобили на кој тој гледа како нивен најголем конкурент.

Поврзана содржина