1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Како Европа да се заштити од должнички кризи?

Европска економска влада, кочница за долгови, некои се од идеите кои во Европа треба да спречат должничка и финансиска криза како актуелнава. Кој рецепт може да биде успешен според експертите?

default

Приватните финансиски и државните должнички кризи во еврозоната се надоврзуваат едни на други. Се‘ започна со силниот кредитен бум на јужната периферија на Европа и во Ирска, Можеби причината е:

„...што банките премногу лесноумно даваа пари. Банките располагаа со премалку сопствен капитал“, вели економскиот експерт и владин советник Клеменс Фуест. Според него, приоритет треба да биде реформа на финансискиот систем. Првите чекори се веќе направени. Реформскиот пакет под името „Базел три“ од Базелскиот одбор на банката за меѓународни финансиски порамнувања има за цел пред се‘ зголемување на сопствениот капитал на банките. Но, оксфордскиот професор Фуест мисли дека тоа не е доволно:

„Уште не се толку далеку за да донесат одлука државните обврзници да мора да ги покријат со сопствен капитал“.

Досега државните обврзници се сметаа за инвестиции без ризик. За нивно купување банките не мораа да имаат гаранции. Тоа беше една од причините што доведе до пумпање на државните долгови.

Griechenland Referendum Reaktion Börse Flash-Galerie

Јакнење на конкурентската способност

За да ги вратат долговите, задолжените држави мораат да извезуваат повеќе и да постигнат позитивен биланс. За тоа е потребно јакнење на конкурентската способност на загрозените земји. Претседателот на пратеничката група на Партијата на зелените во Германија, Јирген Тритин има предлог како:

„Тука спаѓаат инвестиции во инфраструктурата, на пример јакнење на трансевропските мрежи за транспорт на електрична струја и гас. Тука лежи џиновска шанса за земјите од југот за вистинско создавање вредности во областа на обновливите енергии“.

Презадолжените земји изгледа ќе треба да скратат дел од погодностите на населението, за да станат поконкурентни. Но, погледот не смее да биде сконцентриран само на презадолжениет држави. Зашто, кон дефицитите на едните припаѓаат и позитивните биланси на другите. Поради големите разлики еврозоната и стигна во сегашнава тешка ситуација.

Со оглед дека Германија има позитивен биланс со мнозинството презадолжени земји и таа мора да придонесе кон решавање на проблемите, вели Тритин:

„Германија мора нешто да преземе на пример за да ја отстрани нејзината исклучителна слабост-внатрешната потрошувачка. Во тоа спаѓаат мерки како воведување законска минимална плата“.

Ако на другите држави им се проповеда дека платите не смеат да растат посилно од продуктивноста, тогаш за Германија важи обратното, вели Тритин:

„Платите не смеат трајно да заостануваат зад продуктивноста“.

Европската комисија има намера во иднина внимателно да ја следи економската рамнотежа во еврозоната и да казнува претерано задолжување. За Тритин тоа е исправен пат:

„Тешко е да се замисли монетарна унија која истовремено не е и економска. Германија во иднина не може да презема гаранции за земјите кои западнале во тешкотии зашто вршеле даночен и регулаторен дампинг“, смета Тритин.

Со тоа мисли на Ирска, која привлекуваше инвестиции со ниски даноци. Хармонизацијата на даночната политика според Тритин би била чекор кон економска унија и економска влада. Но, економситот Фуест не може да замисли таква економска влада додека таа не смее да им забрани прекумерно задолжување на државите.

Обврската не смее да се сфати како наметната

Можеби не би ни била потребна интервенција на економска влада ако сите земји се држат до правилата за задолжување како Германија и ако сите во уставите би имале кочница за прекумерното задолжување? Клеменс Фуест не верува ни во тоа. Ограничувањето на задолжувањата не носи ништо ако не го поддржуваат власта и населението, вели тој:

„Ако луѓето во јужна Европа имаат чувство дека некој им наметнува германско ограничување на задолжувањата, тие ќе најдат начин тоа ограничување да го прекршат“.

Автор: Џанг Данхонг/ Ж.Ацеска

Редактор: Симе Недевски

DW.COM