1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Како до Центар за безбедност на вода?!

Ланската бродска нереќа во која се удавија 15 бугарски туристи и хаосот во езерскиот сообраќај ја актуелизираа старата идеја за изградба на Центар за безбедност на вода во Охрид. Црвениот крст бара локација и инвеститор.

default

Минатогодишната бродска несреќа беше сериозна опомена

Сонот на генерации активисти и вработени во Црвениот крст од Охрид за изградба на современ Центар за безбедност на вода, кој ќе има регионален карактер, е се` поблиску до остварување.

Хасот што владее во Охридското Езеро и зголемениот број пловни објекти, особено налете и давањето на плажите под концесија ја наметнуваат потребата од функционирање на ваков центар. Антонио Додески, секретар на Црвениот крст, вели дека постои итна потреба од Центарот за безбедност на вода:

„Можеби немаме капалиште, но има бродови кои пловат во текот на цела година по езерото. Има многу населби кои се тешко достапни по копно. Единствен приод им е по вода. Затоа покрај безбедноста на вода, наша намера е да има амбулантски дел каде професионални лекари ќе можат да стигнат до лицата на кои им е потребна помош и брз транспорт до амбулантите.“

Schiffsunglück Mazedonien Ohrid

Центарот за безбедност на вода ќе има и брз брод, со функција на подвижна амбуланта

Додески најавува и формирање на мешовита единица за делување при пожари. Ќе ја сочинуваат спасувачи на вода и пожарникари :

„Сакаме Центарот да има и брз брод со функција на подвижна амбуланта и опремен со опрема за гаснење пожари на копно и на пловни објекти. Овој јуни со мисијата „Флоријан“ од Велика Британија догоривме заедничка обука за идни координирани активности.“

Бродарите бараат измена во законот за внатрешна пловидба

Највите за пеколно лето во Македонија и можни пожари ја мобилизираа и државата. Купени се авиони со кои ќе се гаснат огнените стихии, како и пожарникарски чамци и друга опрема која би помогнала при евентуални природни катастрофи во Охрид, Преспа и Дојран.

Лани Охридското Езеро „голтна“ 25 лица од кои 15 беа жртви на се` уште нерасчистеното потонување на бродот „Илинден“. Останатите лица починаа при судари и несреќи на пловила или од давење.

Охридските бродари формираа Здружение и писмено побараа од државата да воспостави ред во езерскиот сообраќај и измени во Законот за внатрешна пловидба, вели нивниот претседател Горан Устијаноски.

„Бараме еднаш за секогаш да се регулира техничкиот надзор врз бродовите, градењето на нови пловни објекти, стекнувањето со звања на посадите, обезбедувањето на бродските книги и исправи ...“

Охрид собира искуство од Бамберг – Германија

Ohrid See in Mazedonien mit Badegästen

Охриѓани бараат регулирање на хаосот во водите на езерото

Две ипол децении Црвениот крст од Охрид има плодна соработка со Црвениот крст од Бамберг – Германија, токму на планот на безбедност на вода. Соработката продолжува, вели секретарот на Црвениот крст, Додоски:

„Досега сме имале многу средби и заеднички обуки. Германците во неколлку наврати ни донираа и опрема. Ова лето очекуваме возвратна посета кај нас. Од пред две години, покрај за безбедност на вода, соработуваме и со нивни екипи за безбендост на планина. “

Локалната власт и државата се чини ги слушнаа желбите на Црвениот крст. Идниот Центар за безбедност би го покривал и албанскиот брег од Езерото и би бил тренинг-центар по стандардите на меѓународниот Црвен крст.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Трајче Тосев