1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Како до нова светска финансиска архитектура?

Лидерите на Г8, во Канада ја продолжуваат средбата на која главно прашање е како да се намалат високите буџетски дефицити, без да се загрози економскиот раст.Вечер пак почнува советување во проширен круг, самит на Г20.

default

Во фокусот на самитот на Г8 и Г20 во Торонто се економските прашања, целта е создавање нова светска финансиска архитектура за да не се повтори економска криза како онаа која започна пред еднаипол година. Но, почетниот елан на идејата се чини згаснат под силината на кризата. Во меѓувреме изби и спор меѓу Германија и САД околу вистинската стратегија: штедење или поттик на конјуктурата преку натамошни финансиски инјекции? За германската канцеларка Ангела Меркел е јасно:

„ Мислам дека овде разговараме и за прашањето: како можеме да организираме консолидирање на буџетите преку кое ќе постигнеме генерирање на развојот, тоа е наша заедничка цел. Преку Г8 и Г20 покажавме дека во кризата посегнавме по вистинските средства. Сега, во кризата, треба да најдеме начин за формирање постојани структури кои ќе спречат во иднина да се повторат вакви кризи“, изјави Меркел.

NO FLASH G8 Gipfel Kanada

Лидерите на Г8 демонстрираа оптимизам на почетокот на средбата

Никој да не замине како губитник

Се чини дека во завршниот документ ќе се најдат формулации, со кои секој дома ќе си го зачува образот и нема да го напушти Торонто како губитник. Сите се единствени дека е важен развој, постои согласност и околу штедењето. Но, како тоа да се организира, ќе му биде препуштено да реши секому одделно. Работите стојат слично и кај другиот проект, какво да биде финаниското учество на банките во последиците на кризата. Европејците фаворизираат решение според кое банките ќе вршат покривање на евентуални ризици, но во Канада нема мнозинство за оваа идеја. Во Торонто нема да биде донесена одлука ниту за старата идеја за воведување данок на финансиски трансакции., како што истакнува Ангела Меркел:

„ За жал, работите не стојат добро, онака како што би посакале во ЕУ, во врска со учеството на банките во ризиците и кај данокот на финансиски трансакции. Ние и натаму интензивно ќе инсистираме на овие предлози, но мораме да бидеме реалистични, кон нив не се скептични само индустриските земји, туку и дел од земјите во засилен развој. Тоа ќе игра улога на викендов. На светот му е потребна нова финансиска архитектура, јас и ЕУ ќе се залагаме за неа“, истакна Меркел.

Ветувања за сиромашните земји

Dossierbild Tryptychon G8 G20 Canada 2

Нов поттик може да дојде од американскиот претседател Барак Обама. Во САД целосна реформа на финансискиот пазар е веќе готова работа, за неа ќе се изјаснува Конгресот идната недела.

На првиот ден од самитот Г8 стана збор и за борбата против сиромаштијата. Извештајот за реализираното и опомените на невладините организации покажуваат- ветувањата не се одржани. Пред пет години беше договорено до 2010 година да се дадат дополнителни 50 милијарди долари на земјите во развој, досега тоа не е направено. Аналитичарите со скепса гледаат и на најновата иницијатива на канадскиот премиер Стивен Харпер за нови милијарди во борбата против смртноста на децата и мајките, иако тие се итно потребни. Секоја година во сиромашните земји умираат девет милиони деца под пет години од болести од кои во богатиот север не умира ниедно дете.

Автор: Хенрик Беме/ Жана Ацеска

Редактор: Симе Недевски