1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Како до заедничка акција?

Денеска во Вашингтон средба на американскиот претседател Џорџ Буш со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан. Во фокусот на разговорите: конфликтот со курдските бунтовници во Северен Ирак.

default

Рајс како предигра на разговорите Ердоан - Буш.

По вчерашното ослободување на осумтемина турски војници што беа во зарбеништво на курдската бунтовничка ПКК партија, во затегнатоста на турско-ирачката граница дојде до лесно попуштање. Се чини дека разговорите што на маргините на конференцијата за Ирак во Истнабул ги водеше премиерот Ердона со претставници од Вашингтон и Ирак, покажаа извесни консеквенци. Освен тоа, во изминатите 48 часа во Северен Ирак беа затворени голем број таканаречени контакт – бироа на ПКК. Дали овие мерки се доволни да се олади зовриената атмосфера на Босфор, е прашање. Турскиот министер за надворешни работи Али Бабачан:

„Нашите очекувања од САД се големи. Американската влада, ако заеднички настапуваме против тероризмот на ПКК, има клучна улога. Времето на зборови заврши. Сега мора да се дејствува„.

И вистина, клучот за решение лежи во Вашингтон. Зашто американската влада подолго време игра невообичаена игра. Таа е сојузник на Турција, но досега консеквентно му стоеше на патот на заедничка воена акција против ПКК. Тоа до некаде е разбирливо зашто Американците не би сакале релативно мириниот сверен Ирак да го турнат во немири. Меѓутоа, истовремено со оценката дека ПКК е заеднички непријател, Американците поддржуваат една посестримска организација на ПКК со пари и оружје: имено иранско-курдската ПЈАК, зашто таа војува против режимот во Техеран. Со оглед на ткавата ситуација, во моментов се шпекулира со тоа какво прифатливо решение би му било понудено на Ердоан. Зашто не е важно да биде убеден примиерот, кој ионака има задршки околу влегувањето во Северен Ирак, туку зовриеното население на Босфор.

Ако не додјде до решение како што се очекува, тогаш Турција има уште еден адут во ракавот. Таа би можела да ја затвори базата на НАТО во Инџирлик, што значително би ги погодило Американците. Три четвртини од целото снабдување на американските војници во Ирак минуваат преку тамошниот аеродром.