1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Како да се тужи ЕЦБ?

Плановите на ЕЦБ за неограничено купување на државни обврзници во Германија наидоа на критика. Се дискутира и за тужба против ЕЦБ. Но, кога е можно таа да се подигне?

Политичарите од владината коалиција во Берлин јавно дискутираат за поднесување тужба против Европската централна банка. Еден од нив е Петер Гаувајлер. Политичарот од Христијанско социјалната унија (ЦСУ) и евро-критичар кој пред германскиот Уставен суд поднесе тужба против спасувачките фонднови ЕФСФ и ЕСМ на Европската унија, сега пред Уставниот суд во Карлсруе поднесе ново итно барање и против најавата на ЕЦБ да купува неограничено државни обврзници.

CSU-Politiker Peter Gauweiler

Политичарот од ЦСУ Гаувајлер поднесе тужба против европските спасувачки фондови

Против активностите на ЕЦБ може да се подигне т.н. тужба за поништување пред Европскиот суд во Луксембург. Ова го гарантира членот 263 од договорот за начинот на работење во ЕУ (AEUV). На граѓаните и здруженијата, на пример невладините организации, оваа можност им стои на располагање во одредени случаи. Имено, прво Еропската централна банка треба да делува, мора да постои правен акт со обрзувачко дејство, оти не е дозволено да се поднесе тужба ако постојат само препораки и најави од страна на ЕЦБ.

Поединец може да поднесе тужба ако активноста, против која тужителот тужи, според членот 263 параграф 4 од договорот за начин на работење во ЕУ е насочена против него или непосредно и индивидуално го погодува. Тоа значи дека некоја одлука на ЕЦБ мора директно да се однесува на тужителот и директно да ги погаѓа неговите права, и „врз основа на тие реални околности се издигнува од кругот на сите останати лица“.

Овој член Европскиот суд веќе долго време го применува многу рестриктуивно, поинаку отколку кај можностите, против европските договори да се поднесуваат тужби пред германскиот Утавен суд, појаснува експертот по европско право Франц Мајер од универзитетот во Блефелд. Во овој конкретен случај меѓутоа е под знак прашање дали може да се каже дека најавената политика на ЕЦБ погаѓа некоја конкретна личност.

Тужба од Бундесбанката?

President of European Central Bank Mario Draghi listens to questions during a news conference in Frankfurt, Germany, Thursday, Sept. 6, 2012, following a meeting of the ECB governing council on the European financial crisis. (Foto:Michael Probst/AP/dapd)

Шефот на ЕЦБ Драги најави купување државни обврзници без лимит

Германскиот експерт по европско право Мајер напоменува дека постои уште една друга можност, односно тужба од страна на националната Централна банка. И таа може да ја тужи Европската централна банка доколку е непосредно погодена, на ист начин како и поединецот.

Исто така и Европскиот парламент, Советот и Комисијата на ЕУ можат да тужат против потезите на ЕЦБ. Исто така и поединечните држави можат да поднесат тужба. Но засега не е веројатно дека некоја земја членка ќе подигне тужба против тукушто договорените планови. Најмногу критики за плановите на ЕЦБ во моментов доаѓаат од Германија, меѓутоа германската канцеларка Ангела Меркел изминатиот петок (07.09.12) застана зад одлуката за купување на државни обврзници.