1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Како да се реши блискоисточниот проблем?

Министрите за надворешни работи на ЕУ согласни дека треба да се оживее Мапата на мирот, но без идеја како да биде тоа изведено

Франк-Валтер Штајнмаер

Франк-Валтер Штајнмаер

Блокираниот блискоисточен мировен процес и атомскиот спор со Иран беа доминатни теми на првиот ден од дводневната неформална средба на министрите за надворешни работи на ЕУ во финскиот град Лапенранта. Во целосна изолација министрите дискутираа шест часови за ситуацијата на Блискиот исток, но од тоа не произлезе идеја како да се реши конфликтот на Израел со Хезболах во Либан, како и со Палестинците.

Само беше укажано на мировниот план „Мапа на мирот“, кој предвидува две суверени држави Израел и Палестина. Друг план нема, рече домаќинот, финскиот министер Ерки Туомиоја: „Не мораме повторно да измислуваме тркало. Ја имаме Мапата на мирот и сите елементи кои се неопходни за траен мир. Прашање е само како да дојдеме до тоа. ЕУ е подготвена да се ангажира“.

Учесниците биле согласни пред се’ во однос на целта, рече германскиот министер Франк-Валтер Штајнмаер: „Сите говорници рекоа дека мораме да се обидеме да најдеме пат за враќање кон блискоисточниот мировен процес“.

Во Лапенранта, меѓутоа, остана нејасно како треба да изгледа решавачкиот импулс. Се размислуваше дека Сирија мора да биде вовлечена во процесот и оти можеби сепак мора директно да се разговара со владата на Хамас на палестинските подрачја. Но, Хамас е на списокот на терористички организации - движењето прво мора да го признае Израел и да се откаже од насилство. Излез можеби би бил поврзување на Хамас во голема коалициона влада, за што би морал да се погрижи претседателот на Палестинците Махмуд Абас.

Штајнмаер се надева дека крајот на војната во Либан и на северот на Израел сега би можел да доведе до придвижување на сите страни. „Вчудовидувањето од ескалацијата од последните недели е толку големо, што од тоа може да настане заеднички напор за изнаоѓање пат за враќање кон мировниот процес“. Меѓународниот блискоисточен квартет, што го сочинуваат САД, ОН, Русија и ЕУ, треба да се консултира околу наредните чекори кон средината на септември на маргините на генералното собрание на ОН.

ЕУ сака да преземе натамошни чекори и во спорот со Иран околу неговата атомска програма уште пред Советот за безбедност да расправа за можните санкции. Во наредните денови претставникот за надворешна политика Хавиер Солана ќе разговара со главниот ирански преговарач Али Лариџани. Солана сака да утврди дали е ставот на Иран за самостојно облагородување на ураниум, спротивно на волјата на ОН, е и последен збор на таа држава. „Времето што преостанува не е неограничено. Поради тоа се надевам дека во наредните денови доволно ќе знаеме, за да можеме да донесеме решение дали може и формално да се преговара“.

Иранското раководство оспорува дека сака да произведе атомско оружје, за што го обвинуваат пред се’ САД.