1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Како да се преполови апсолутната сиромаштија во земјите на Третиот свет?

Владите на индустриските и на земјите во развој се согласни во намерата да се преполови апсолутната сиромаштија во третиот свет до 2015-та година. Предуслов за тоа е да се засили стопанскиот пораст во сиромашните земји. Со прашањето како да се реализираат обете работи се занимава најновиот годишен Извештај за светскиот развој, што го објави Светската банка во Вашингтон.

default

Добра клима за инвестирање е централен услов за заживување на стопанството и за намалување на сиромаштијата – тоа е одговорот до кој дојдоа авторите на извештајот. Но, повисокиот стопански пораст не води сам по себе до намалување на уделот на луѓето што мора да преживеат со само еден долар дневно. “Можно е да биде остварен повисок стопански пораст, а тоа сепак да не води до намалување на сиромаштијата. Исто така е можно во такви услови таа дури и да се зголеми. Сепак, ние знаеме дека без стопански пораст е многу потешко сузбивањето на апсолутната сиромаштија” – вели Франсоа Буржињон, потпретседател на Светската банка.

Анкетата на Банката во повеќе од 30 илјади претпријатија од 53 семји во развој укажа на нивните најголеми проблеми: владите мора да создадат простор за приватна стопанска иницијатива, да создадат политичка стабилност и правна сигурност, ефикасно да ја сузбиваат корупцијата и да ја подобрат јавната инфраструктура. Искуството покажува дека онаму каде што е направено тоа, е поттикнат сттопанскиот развој и повеќе луѓе го почувствуваа благодетот од зголемената стопанска активност. Во Кина, на пример, од 64 насто во 1981-ва година, апсолутната сиромаштија денес е сведена на 16 насто од населението, 400 милиони луѓе се извлекоа од апсолутната беда. Слични се примерите на Уганда и Индија.

Ни индустриските земји не се ослободени од одговорноста за сузбивање на сиромаштијата. Од нив се бара да го наголемат придонесот за развојна соработка и пред се‘ да ги отворат пазарите за производи од земјите на Третиот свет.