1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Како да се победат Талибанците?!

Oдлуката на САД да испратат нов контингент војници во Авганистан за војна против Талибанците, од локалните жители не се оценува како позитивна. Тие не очекуваат дека сојузничките сили ќе успеат да ги поразат Талибанците

default

Повеќе војници ќе значи повеќе борби, а тоа ќе значи и повеќе жртви. Тоа е едноставната пресметка на жителите на провинцијата Кандахар во Авганистан. Притоа, сигурно не е случајно тоа што токму тука, во поранешното упориште на талибанците на југот на земјата каде беснее војната против екстремистите, мнозинството од населението е против зголемувањето на бројот на војниците.

„Не, меѓународните сили тука не можат да донесат мир. Да можеа, одамна веќе тоа и ќе го стореа, во изминатите 6 или 7 години. На оваа земја тие никогаш нема да и‘ донесат мир.“

Нешто посеверно и подалеку од борбената зона, во главниот град Кабул, сето тоа изгледа поинаку. Барем кај оние кои не ја губат надежта.

„Мислам дека дополнителните трупи би можеле да бидат многу корисни. Но, би било уште подобро кога нашите авганистански сили за безбедност би зајакнале и би можеле да застанат на сопствени нозе. Тие подобро ги познаваат земјата и луѓето, а и населението подобро ги прифаќа.“

Авганистанската армија е инфериорна

afghan.jpg

Авганистанците не очекуваат победа против Талибанците

Американскиот претседател Барак Обама и Западот знаат дека токму така би требало да изгледа вратата низ која еден ден ќе го напуштат Авганистан, имено, кога ќе има доволно обучени сили за безбедност. Но, во овој момент, овие трупи би биле далеку послаби од талибанците, вели политичкиот аналитичар, Харун Мир.

„Во овој момент ни‘ се потребни повеќе војници. Мораме да ги запреме Талибанците. Зголемувањето на бројот на војниците, како и обука на авганистанските сили, тоа би било решението кое функционираше и во Ирак.“

Тајната надеж е дека Талибанците би можеле да се доведат на преговарачка маса. Во моментов овие екстремисти се чувствуваат премногу силни за да се впуштат во преговори. Мохамад од Кандахар нуди решение:

„За да се победат Талибанците треба да се случат неколку нешта. Прво, Владата мора да седне и да преговара со нив, но и да им понуди место во власта.“

Меѓутоа, многу Авганистанци се сомневаат дека е воопшто можно да се победат Талибанците. Кога би знаеле дека Западот наскоро ќе се повлече, тие би можеле едноставно да причекаат. Освен, доколку до повлекувањето на сојузничките сили Талибанците не ослабат, или авганистанските вооружени сили не зајакнат.

Автор: Каи Кистнер / Борис Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска