1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Како да се парламентарни, а не локални избори

Кандидатите за градоначалници ветуваат брда и долини, мегаломански проекти, економски препород. Не се бираат зборови само да се дојде до посакуваниот глас. Експертите предупредуваат дека дел од кандидатите претеруваат!

default

Како одминува кампањата за локалните избори во Македонија, така забревтуваат пропагандните партиски машинерии кои од плоштадите во општините, буквално ги бомбардираат граѓаните со ветувања за да ја добијат нивната доверба. Ако на почеток се стартуваше поскромно, или пореално, како одбројуваат последните денови од митинзите се испраќаат ветувања за мегаломански проекти. Печатено во брошури, или директно на средби со граѓаните се ветуваат гасификација, дури и бесплатна, изградба на цели населби, хотели, зоолошки градини, бесплатни фасади на станбените згради, голф игралишта, булевари, подземни и надземни, тунели, стадиони, споменици, бесплатни детски градинки...! За дел од проектите во изборните програми има детали како ќе се решат, но за добар дел нема ниту збор. Како, кога и со што ќе се реализираат!?

Mazedonien Wahlveranstaltung Opposition SDSM

Предизборен митинг на македонската опозиција

Експертите реагираат дека дел од кандидатите за градоначалници буквално претеруваат. Универзитетскиот професор Шенај Хаџимустафа предупредува дека кандидатите ветуваат работи што не се надлежност на општините:

„Сведоци сме на разни ветувања и проекти кои не спаѓаат во доменот кој е надлежност на општините и градоначалниците. Од друга страна доколку се спореди фискалниот капацитет на општините и цената на проектите кои се промовираат, постои големо отстапување во финансискиот капацитет. Кампањата има повеќе карактер на парламентарни избори, отколку на локални. Целта е секако привлекување на поголем број на гласачи, но при изборот на средствата како тоа да се оствари не се прави соодветна селекција. Гласачите треба разумно да оценат што е тоа што им треба на нив и на општината и колку се реални сите ветувања кои се пласираат во јавноста“, смета Хаџимустафа.

Со сличен став е и економистот Александар Цветковски кој смета дека партиите во Македонија и од власта и од опозицијата повеќе или помалку веќе подолг период успешно имплементираат систем на трикови:

Wahlveranstanstaltung VMRO DPMNE Skopje

Предизборен митинг на владејачката партија во Македонија

„Како е можно да ветуваш брда и долини и економска преродба, спортски сали, како да се работи за купување кошаркарска топка, а не цел терен, со ѕидови, трибини! Како е можно за четири години да асфалтираш улици, колку што не се асфалтирани за 20 години? Вотерленди, светски центри за ова и за она, топлификација за 100.000 луѓе, лизгалишта, резиденцијални зони со десетици илјади станари, комплекси хотели, трговски и транспортни центри? Парадоксот е во тоа што сето е ова можно, ако нема кој да проценува што е остварено, ако нема дијалог за тоа што е остварено, што е успешно, а што промашено, ако планерот истовремено сам си имплементира и гради, сам си одредува имплементатори и евалуатори, си има свои новинари, свои медиуми, свои експерти, свои невладини организации, свои гласачи, свои демонстранти. Тоа е виртуелната Македонија, за која Потемкин е вистински аматер“, предупредува Цветковски, кој инаку е претседател на невладината организација АГТИС.

Резултатите од последната анкета на оваа организација покажуваат дека само 17% испитаници веруваат во политичките програми, 35% делумно, а 46% воопшто не им веруваат на програмите на кандидатите. Над една третина од испитаниците сметаат дека партиските и личните интереси на кандидатите се основата врз која се креираат политичките програми.