1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Како да се обезбеди доволно количество енергија?

Атомските централи во Германија би требало да бидат исклучени до 2022 година. Но, електрична енергија во годините што доаѓаат ќе биде уште попотребна, ако се земе предвид намерата да се премине кон електромобилност.

default

Не се случува често малите акционери да го преплавуваат со пофалби врвот на некој концерн. „Со вакво раководство, Надзорниот одбор и требало да плаќа данок на задоволство“, беше речено на генералното собрание на акционери на концернот Линде АГ. Првиот човек на концернот, Волфганг Рајцле, чиј договор беше неодамна продолжен за уште три години, тоа го прифаќа со задоволство. 62-годишниот Рајцле го води индустрискиот концерн Линде од 2003 година, по долг период што го мина во автомобилската индустрија. Од катастрофата во

Волфганг Рајцле: Не можеме да водиме енергетска политика која се заснова на идеологија, а не на факти

Волфганг Рајцле: Не можеме да водиме енергетска политика која се заснова на идеологија, а не на факти

Фукушима и дискусијата што потоа следуваше околу брзо напуштање на атомската енергија, шефот на концернот е, сепак, многу загрижен. Тој стравува од пораст на цената на енергијата и затоа од владата бара јасен енергетско-политички концепт:

„За индустријата елементарно е сигурното снабдување со енергија. Кај нас, на пример, повеќе од 50% од трошоците за производство отпаѓаат на трошоци за струја. Kако претставник на индустријата сакам да кажам дека кога зборуваме за енергијата, и покрај сите емоции, мора јасно да гледаме. Имаме три критериуми кои се меѓусебно поврзани. Тоа е сигурноста во снабдувањето, економичноста и еколошкиот апсект. Не можеме да водиме енергетска политика која се заснова на идеологија, а не на факти.“

Според Рајцле, ако 17-те атомски централи се исклучуваат една по една и побрзо од планираното, ќе настане голема празнина во снабдувањето со енергија. Замена со енергија од термоцентралите ќе значи поголема емисија на јаглерод диоксид. Проширување на постројките за производство на енергија од ветер во северна Германија, исто така е поврзано со големи проблеми.

Две третини од атомската енергија се произведува во јужна Германија

Слично аргументира и експертот за енергија Штефан Колер. Тој е претседавач на раководството на државната Германска агенција за енергија (ДЕНА):

„Мора едноставно да се погледне на картата и да се види дека две третини од атомската енергија се произведува во јужниот дел на Германија, една третина во северна Германија, значи Хамбург и Бремен. Во средината е јагленот. Ако сега исклучиме две третини и на север го прошириме производството на енергија од ветер, тоа не ни‘ помага на југот, доколку немаме соодветни далекуводи и пред се‘ - сигурно снабдување со енергија.“

ДЕНА пресмета дека на земјата и‘ се потребни дополнителни 3600 километри далекуводи до 2020 година. Но, изградбата на нови далекуводи, независно од огромните трошоци што со себе ги носи, носи и големи проблеми со населението кое одбива да ги прифати.

Удел на обновливи енергии во Германија

Удел на обновливи енергии во Германија

Гас од шкрилци - гласи волшебната формула

Затоа во фокусот на експертите се враќаат земниот гас и биометанот. Волшебниот збор гласи „гас од шкрилци“, кој се наоѓа во т.н. неконвенционални места на складирање, како во слоевите со шкрилци, песочниците и слоевите со глина. Добивањето на земен гас од овие слоеви е покомпликувано од конвенционалниот земен гас, но со помош на нови технологии и растечките цени на енергијата станува се‘ поисплатливо.

Во САД гасот од шкрилци веќе го револуционираше пазарот на енергија. Таму околу половината од потрошениот земен гас потекнува од неконвенционални извори. Резервите на ваков гас, според претпоставките, се десетпати поголеми од резервите а конвенционален земен гас. Волфгагн Рајцле објаснува:

„Само Америка, во моментов, е независна од увоз на гас за наредните 200 години. Тоа до пред три години беше сосема поинаку. Се случи револуција, но тоа никој не го забележа. Затоа мислам дека гасот за нас, во овој период на планирање, е така да се каже бескрајно на располагање и ќе чини поволно. него го има, за среќа, во цел свет, на многу места и затоа политички не е толку ризичен како нафтата. Yатоа мислам дека би требало, секаде каде што е можно, нафатата да ја замениме со гас.“

Се претпоставува дека и во Германија има големи резерви на ваков гас. Но, со оглед на тоа што при експлоатацијата на ваквите резерви се употребуваат и отровни хемиски супстанци, кај екологистите користењето на ваков гас е спорно.

Ауди има свој рецепт

Сосема поинаку е кај т.н. "Power-to-Gas“-концепт, со кој струјата од ветер и сонце се претвора во метан. Автопроизводителот Ауди во Вертле, во покраината Долна Саксонија, сега прави постројка во која со струја добиена од ветер се добива водород, а потоа во втората фаза, од водородот, со додавање на јаглерод диоксид создава метан. Тоа е еден вид вештачки произведен земен гас, од страна на Ауди наречен Е-Гас или „обновлив гас“. Со помош на тој гас во индина би требало да се движат автомобилите на Ауди. Автопроизводителот е сигурен - технологијата има потенцијал да и‘ даде на дискусијата околу проширување на обновливите енергии нова насока.

Автор: Клаус Улрих / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Симе Недевски