1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Како да се обезбедат повеќе работни места во Европа?

Невработеноста во Европа е темата за која денеска во Брисел ќе дебатираат шефови на држави и влади на 25 земји членки на Европската унија. Во рамките на дводневниот пролетен самит членовите на ЕУ вчера разговараа за планираната мисија во Конго и за заедничка енергетска полтика.

Самитот на ЕУ во Брисел

Самитот на ЕУ во Брисел

Три проценти годишен економски раст – ова беше една од целите која си ја поставија шефовите не држави и влади на ЕУ во 2000 година во Лисабон. Денеска некои од владите се пресреќни кога нивната економија ќе постигне барем половина од зацртаното. Во порастот, вработувањето и иновациите Европа доцни зад другите региони во светот, особено зад Азија. Унијата сака да го сврти трендот, но поединечните национални интереси честопати блокираат еден внатрешен европски пазар кој може да функционира.

Во економската политика во некои европски земји се покажува растерчки протекционизам, токму по прашањето за енергијата. Но знаат ли европските земји дека растечката светска енергетска криза треба заеднички да се пресретне? Многу заеднички црти и подготвеност за отварање на пазарите досега не се препознатливи. Претседателот на комисјата на ЕУ Жозе Мануел Баросо во Брисел сепак барем ја препозна волјата за европска стратегија

„Дискусијата е: Подготвени ли сме да дојдеме до заедничка енергетска политика, при инвестициите, истражувањата но и надоврешната економија кога станува збор за преговори со нашите партнери? Тоа беа најважните точки во денешната дискусија Верувам дека имаше еднозначен одговор: да.“

Шефовите на држави и влади не може да најдат заедничко решение ниту за таканаречената директива за услуги. За едните европската директива е премногу отворена, за другите пак спротивно.

Слика за европската поделба на сосема посебен начин приреди и фрнацускиот претседател Жак Ширак, кога неговиот сограѓанин Ернест Антоан Сејер, претседателот на европскиот сојуз на работодавци, почна да го држи својот говор на англиски, Ширак поради протест ја напушти салата.

Сосема недраматично пак, учесниците на самитот се спогодија за мисјата во Конго. Сега е потребен мандат од ОН и одобрение од националните парламенти на европските држави.