1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Како да се надгради магијата од Литванија

Деновите по евробаскетот минуваат, а кошарката и натаму е магичниот збор во Македонија. Успехот во Литванија е неизбежна тема во јавноста, кошаркарите се најомилените и најбараните личности, а баскетот е најчестата игра

default

Македонија треба да ја искористи можноста за надградба на кошарката по успехот во Литванија

Сево ова потсетува на едно кошаркарски еуфорично време од 70-те години, кога Работнички го започна големиот свој узлет, паралелно со екс-југословенската кошарка. Кога во дворовите никнуваа кошаркарските обрачи, на бандерите се приковуваа кошеви, а паркинзите се претвораа во баскет-игралишта.

Деновиве Македонија се соочува токму со таква кошаркарска револуција. Антиќ, Илиевски, Гечевски, Мекејлеб се новите идоли. Како да се искористи овој момент, кој може кошарката да ја крене уште повисоко?

Претседателот на КФМ, Даниел Димевски вели дека се подготвени за валоризација на успехот:

Daniel Dimevski

Даниел Димевски

„Ние веќе сериозно исчекоривме уште пред неколку години. Бројот на клубовите во Македонија кои се пријавуваат, драматично расте. После оваа еуфорија, овој растеж очекувам уште повеќе да се зголеми. Капацитети имаме и подготвени сме да ги прифатиме младите. Среќен сум што овок импакт нема да биде само кошаркарски, туку ќе се прелее врз младите и во сите други спортови и ќе отвори нови перспективи“.

Инвестиции во тренерски кадар

Марин Докузовски, селекторот на Македонската репрезентација, не крие дека е изненаден од овој позитивен набој, од оваа кошаркарска експлозија што се случува. Тој смета дека за да се искористи напливот на популарноста, треба да се инвестира во тренерскиот кадар.

Marin Dokuzovski

Марин Докузовски

„ Да бидам искрен, не очекувавме ваква еуфорија. Ова е преголема еуфорија! Сега сум сигурен дека многу повеќе деца ќе сакаат да играат кошарка. Тоа мора да се искористи. Ние имаме веќе доста приватни школи во Македонија, меѓутоа сега ќе треба многу поголема организација во клубовите, многу повисоко ниво, вложување во деца, сега ќе е поважно многу поголемо вложување во тренерите“, вели Докузовски.

Драган Василов, кој е познат како еден од најуспешните тренери во Македонија во работата со младите категотрии, овој момент го чувствува како добитен за сите во кошарката.

„Со ова добивме сите. Без разлика на тоа дали некој е тренер, играч или обичен граѓанин кој доаѓа на натпреварите. Се подигна нивото на кошарката во Македонија, почнаа да не распознаваат во светот. Македонската кошарка доби име и презиме“.

Да се искористи успехот

А, скопскиот клуб Торус, во кој што работи Василов, го направи првиот конкретен чекор со тоа што клупската младинска школа деновиве ја претвора во своевидна кошаркарска Академија со простор за влез на многу повеќе талентирани деца.

Professor Vasil Tupurkovski

Васил Тупурковски

„Кошаркарскиот клуб Торус-Академија Борис Трајковски“ направи голем напор за да придобие повеќе деца. Отворивме две кошаркарски школи. Едната е во салата Борис Трајковски, а другата е во ОУ „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода.

Васил Тупурковски, претседателот на МОК смета дека успехот на кошаркарите треба да биде модус за негово правилно искористување со учество и на државата.

„Сега треба да бидеме паметни како спортски работници, но и како држава воопшто! Да видиме какви можни предности и логични заклучоци за развој на спортот носи овој резултат. Овој успех има огромен потенцијал“, заклучува Тупурковски.

Автор: Златко Калински

Редактор: Борис Георгиевски