1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Како да се зборува за војна што е лично преживеана?

На наставниците и учениците во Босна и Херцеговина им е тешко да зборуваат за војната, зашто многумина ја имаат лично преживеано. Германски експерти за учебници им помагаат при конципирањето на наставата.

„Како да зборувам за границите на нашата земја, без притоа автоматски да мора да зборувам за војната?“, прашува Сибела Јевтиќ. Таа од 1993 година во Бања Лука предава географија и историја. Во овој град наставничката и самата ја преживеала граѓанската војна, во своето семејство ја почувствувала нејзината апсурдност. Татко и‘ се борел на српска, тројца чичковци на хрватска страна.

„На учениците им ги раскажува личните искуства“, вели Јевтиќ. Таа со тоа сака кај младите да поттикне поинакво размислување. „Војната не е едноставно црна или бела“, потенцира овој педагог.

Geschichtsunterricht

Координаторката на проектот Катарина Батарило-Хеншен во Сараево раководи со семинар за наставници

Но болните искуства се врежани длабоко не само кај нејзе, туку и кај учениците. Обработката на војната во наставата е исклучително тешка, но важна, смета Јевтиќ. Затоа таа учествува на семинарите на германскиот институт за меѓународно истражување на учебниците „Георг Екерт“, кои имаат за цел - создавање нов наставен материјал кој се занимава конкретно со граѓанската војна.

Приказни од военото секојдневие

„Да се зафатиме со најновата историја се осмеливме првпат во 2008 година“, вели координаторката на проектот, Катарина Батарило-Хеншен. Сепак, материјалот не се однесува на контроверзните воени теми, како концентрационите логори или масакрот во Сребреница, туку со секојдневни приказни од тоа време. Повеќе денес и не е можно, оценуваат одговорните во БиХ. Со оглед на тоа што секојдневието во војната било исто за сите Срби, Хрвати и Бошњаци, учениците за тоа можат да разговараат. Сите доживеале како било да се оди на училиште во тоа време, како е да се нема доволно храна или како е да се живее без струја.

Geschichtsunterricht

Плакат во едно босанско училиште со кој се потсетува на разурнувањата од војната

Институтот од Брауншвајг, во рамки на еден проект на германското Министерство за надворешни работи, повеќе од една деценија им дава поддршка на наставници како Сибела Јевтиќ во БиХ во третманот на темите од војната, на речник соодветен на возраста на учениците. Покрај работата во Југоисточна Европа, институтот учествува во создавање на учебници во кризните региони ширум светот, како во 1990-тите во Јужноафриканската Република, или актуелно во Балтичките држави - Грузија, Белорусија и Украина.

Веќе е направен и заеднички учебник за израелските и палестинските ученици. Тој, меѓутоа, не смее да се користи во наставата - ниту кај едните ниту кај другите. „Но самиот факт дека воопшто е создаден таков учебник и што Израелците и Палестинците соработуваа заедно, е успех“, нагласува Георг Штебер, кој на институтот во Брауншвајг раководи со одделот „Учебници и конфликти“.

Различни вистини за војната

Реформата на учебниците во Босна и Херцеговина почна во 2003 година. На наставниците, пред се‘ оние постарите, им беше тешко да дозволат различни погледи на војната, раскажува Баратило-Хеншен. Многумина се‘ уште беа под влијание на комунистичкото образование. „Многумина реагираа алергично што веќе не требаше да се зборува за ’една вистина’, туку требаше да понудат различни извори и на тој начин да се овозможат различни погледи на еден настан“, вели Баратило-Хеншен.

Geschichtsunterricht

Мелиса Фориќ

И за авторката на учебници Мелиса Фориќ, која е автор на „European Association for History Educators“ (Еуроклио), активното учење е важна основа за воопшто да може да се обработуваат Балканските војни во наставата. Таа лично како дете ја преживеала опсадата на Сараево во текот на војната. Од почетокот на реформата на учебниците оваа историчарка учествува активно во создавањето нови учебници.

И Фориќ посакува постоење на единствен учебник по историја за сите ученици во БиХ. „Но од тоа сме се‘ уште далеку“, вели таа и додава дека поради непостоење на единствено министерство за образование на ниво на државата, не постои ниту контрола врз она што се предава во училниците.

WWW-линкови