1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Како да се запре одливот на едуцирани млади од Македонија?

Наспроти загрижувачкиот процес на одлив на „младите умови“, во последно време во Македонија се пројавува и противтренд – значителен број млади високообразувани стручњаци да имаат желба да се враќаат во земјата.

default

Ристе Змејковски, аналитичар за јавни политики во Центарот за истражување и создавање политики од Скопје, кој го реализира проектот во Македонија (Во Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во Македонија се спроведува регионалниот истражувачки проект преку анкета со стотина високообразувани повратници) укажува:

„Одговарајќи во врска со тешкотиите при барањето работа, 43 проценти од испитаниците изјавиле дека постои незаинтересираност за нивната диплома и знаење, без оглед што дел од нив доаѓаат од навистина престижни универзитети во светот. Натаму 10,8 отсто од повратниците се соочиле со уште еден проблем, за кој тие алармираат: тешкотии поради вработувањата со врски и познанства. Најнегативниот показател е на прашањето: ’Дали по вашето враќање добивте некаква помош од надлежните институции во вашата држава’. Притоа, 91,9 отсто од испитаните високообразовани повратници одговориле дека не добиле никаква помош. Тоа алармира дека не постои соодветна свест за проблемите, со кои повратниците се соочуваат по нивното враќање, како и на непостоење соодветни државни механизми ним да им се помогне во таа смисла.“

Ивана Матеска, амбициозна 23 годишна девојка, која магистрираше неодамна на

Großbritannien Cambridge Universität

Универзитетот Кембриџ

насоката за политика за технолошки развој во Бизнис – школата на Универзитетот во Кембриџ, Велика Британија, се врати во земјата и веќе два месеца работи во кабинетот на потпретседателот на Владата за економски прашања. Таа го изнесува своето мислење какви се можностите младите од Македонија, едуцирани во странство, да се вратат дома: „Постојат можности само ако постои интерес и ако се увидат бенефициите, кои Македонија може да ги има од запирање на одливот на тие умови. Постојат методи како да се вратат младите образувани кадри. Кога би се создале соодветни услови, во кои би можеле да работат и да придонесат со она што го имаат – тие би се вратиле. Од друга страна, Македонија нуди доволно услови човек да биде успешен и во неа многу работи функционираат. Битно е тоа да дојде до ушите на тие студенти, кои се надвор и тие да увидат дека во Македонија навистина постојат можности нивното знаење би било ценето и да имаат живот онаков каков што замислуваат.“

Анкетите покажуваат дека младите сакаат да се вратат во матичната држава

Христина Ципушева, професорка во Факултетот за бизнис и економија во Штуловиот универзитет во Тетово, укажува на дел од резултатите и на едно друго истражување, овојпат со 1.100 студенти од сите македонски универзитети: „Од

Macedonian Information Agency - MIA for the needs of DW On-Line is granting the MIA Photo Service free of charge. MIA also give You the right to use the photos for Your needs and purposes.

Универзитетот Св. Кирил и Методиј

студентите 32,5 проценти се изјасниле дека сакаат да работат 5 години во странство и да се вратат во матичната држава, значи, по здобивање 5 годишно искуство, додека 28,5 проценти се изјасниле дека сакаат да се вратат по завршувањето на студиите во странство. Што значи, откако ќе се здобијат со повисоки образовни квалификации, да се вратат во земјата. Овие две категории со највисок процент во истражувањето можеби се позитивна точка, која креаторите на политиките во Македонија треба да ја земат предвид, за да направат натаму одредени реформи со цел да го искористат враќањето на оваа висококвалификувана работна сила.“

Ивана Матеска, која планира да замине на докторски студии по индустриски менаџмент во САД, се надоврзува: „Немам ништо против да живеам, да творам и да работам во Македонија, затоа што ова е земјата во која сум родена и оти ова е земјата, која јас ја сакам. Се зависи натаму од тоа какви можности би ми се отворале, кои порти би ми се отворале.“

Значи, иако доминира и натаму трендот на заминување на младите стручњаци од Македонија, се’ позначителен број од нив своите перспективи ги гледаат во матичната земја.

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Александра Трајковска